Боки 13 сподели преубава вест, цел ден му пристигнуваат честитки – оваа жена е неговата најголема насмевка
Боки сите знаеме како изгледа, но погледнете како изгледа и најважната жена во неговиот живот

Ова беше посебен ден за познатиот шумен.
Бојан Јовановски познат и како Боки 13 во последно време речиси секојдневно привлекува внимание на социјалните мрежи.
Покрај неговото ново шоу, тој често знае да ги изненади сите и со своите интересни објави, а овој пат имаше посебна причина за тоа со која контроверзниот шоумен ги разнежни сите.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Имено Боки сподели неколку фотографии на кои е најважната жена во неговиот живот и тоа со посебна причина.
Станува збор за неговата мајка Јасминка, која го прослави својот 65 роденден, па Боки јавно и го честиташе.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
„Драга моја, драга наша Јасминке да си ни жива и здрава, да бидеш секогаш наша поддршка, наша сила и наша мотивација!“
Ти си мојата најголема насмевка! Ти благодарам за сѐ! Нека е ти среќна јубилејната 65-ка! Најсреќен роденден, те сакам повеќе од сите зборови на светов“, напиша Боки во описот на објавата што ја сподели.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Од фотографиите може да видиме дека двајцата и овој пат беа облечени складно, а мајка му блескаше во црвениот фустан.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Боки пет години помина во затвор, а по излегување му се врати на својот стар начин на живот.
Тој им се врати и на социјалните мрежи каде и порано беше мошне активен и со своите модни комбинации привлекуваше внимание.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Така е и сега, а често објавува фотографии и од својата мајка Јасмина Јовановска со која е мошне близок.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
И на сите овие објави неговата мајка изгледа како вистинска дама која изгледа како излезена од некој холивудски филм.
Секогаш облечена во парчиња кои совршено стојат на нејзините години, но и ја истакнуваат нејзината женственост.
Некои од овие изданија погледнете во продолжение…