Наши ѕвезди

Сестрата на Душко Чифлиганец сподели тажна порака за починатиот брат – голема болка за цело семејство

Голема трагедија за цело семејство, но и за сите што го познаваа овој малад човек

Advertisement

Несреќата се случи на 02. август, еден ден подоцна младиот Душко (1993-2025) им подлегна на повредите…

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец почина по тешката несреќа што се случи во Чешка на 02. август, на мото трките.

Advertisement

Несреќата се случи околу 16 асот откако Душко со сојот мотор падна и се здоби со тешки повреди на главата.

Принтскрин/ Инстаграм

Како што пренесуваат медиумите, докторите и покрај сите напори, не успеаја да го спасат, па Душко почина следниот ден.

Advertisement

По несреќата неговото тело од Чешка беше пренесено во Македонија и беше закопан во црквата во Аеродром изградена под ктитерство на неговото семејство. Станува збор за православниот храм „Свети Јован Крстител“ кој се наоѓа кај мостот Близнаци во Општина Аеродром.

Принтскрин/ Инстаграм

На погребот присуствуваа илјадници луѓе во голема полка збогувајќи се од младиот визионер пред кој беше животот.

Телевизија Кобра од Радовиш, од каде потекнува и семејството Чифлиганец, а на социјалните мрежи се уште вртат фотографии и тажни пораки со кои најблиските и пријателите се збогуваат од него.

Една од овие тажни објави сподели и сестрата на починатиот Друшко, Драгана Чифлиганец, која никого не остави рамнодушен.

Таа на својот Фејсбук профил сподели тажно и потресно видео направено од фотографии од нејзиниот починат брат.

На некои од фотографиите Душко е со најблиските од своето семејство со кое тој се гордееше…

Принтскрин/ Фејсбук

Потсетуваме, Душко покрај тоа што беше млад и успешен бизнисмен, беше познат и по својата страст кон мотори и автомобили.

Тој долго време живееше во Дубаи, каде заврши и дел од своето образование, а мотори вози од својата младост.

Принтскрин/ Фејсбук

Беше познат и по своите активности како учесник во хуманитарните акции на групацијата во која што работеше, а важеше за исклучително вредно момче, максимално посветено на својата работа.

Принтскрин/ Инстаграм

Тој ќе биде запомнат по неговата реченица „Пред сé, треба да бидеме луѓе“ како и по следните негови зборови кои по неговата смрт беа објавени и на официјалната Фејсбук страницата на Бизнис групацијата Адора, а во кои меѓу другото, го пишува и следново:

„’Секоја ноќ бидете благодарни за тоа што било, и секое утро за тоа што ќе биде. Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса за љубов, среќа и животот што го посакуваме. Добрата мисла, мирниот ум и спокојот, нека Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив. Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро. Амин’ – Душко Чифлиганец“, пишува во објавата.

Целата објава прочитајте ја во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button