Еве како пејачот Цаки Кисми ги распаметува гостите – бакшишот фрчи од сите страни, забава лудило
Кога тој ќе се фати за микрофонот, настанува хаос

Ова го може само Цаки и никој друг
Многумина го нарекуваат македонскиот крал на кафаните, а сега со оваа снимка Цаки покажа дека заслужено ја носи титулата.
Познатиот фолк-пејач Цаки Кисми покажа како на еден свој настап ја крева атмосферата до бесвест и ги воодушеви сите.
Принтскрин/ Комплекс Лебедово Езеро
Имено, на социјалните мрежи исплива снимка од еден негов настап на која се гледа колку публиката го сака.
Неговите раце се полни со бакшиш, така што тој одвај го држи да не му паднат, но истовремено и ги прави своите акробации.
Како Цаки изгледа во ова издание, погледнете во продолжение:
Вака е речиси на секој негов настап, а парите што ги добива на овој начин се доказ дека луѓето го ценат неговиот труд.
Принтскрин/ Комплекс Лебедово Езеро
Потсетуваме, вистинското име на Цаки Кисми е Сашо Нојкиќ, а овие видеа се доказ дека заслужено ја носи титулата крал на кафаните.
Принтскрин/ Комплекс Лебедово Езеро
Тој веќе долги години е на врвот на македонската фолк-сцена, а со својот позитивен дух секогаш прави одлична забава.
Принтскрин/ Комплекс Лебедово Езеро
Впрочем за тоа зборуваат и овие снимки, а покрај тоа што е популарен кај нас, мошне баран е и кај нашата дијаспора.
Цаки е омилен и меѓу колегите и колешките, а за еден негов настап со Татјана Стефановска се уште се зборува.
Повеќе за ова прочитајте тука>>