Најтажниот ден во животот на најбогатиот фолкер од Македонија – по несреќата ги изгуби и родителите
По стражната несреќа животот му се преврте наопаку

Неговиот брат почина кога имаше само 28 години, а сообраќајната несреќа се случи на 30 јули 1994 година
Познатиот фолк-пејач, Јашар Ахмедовски, на овој ден ја доживеа најголемата несреќа во неговиот живот.
Пејачот од мали нозе знаеше дека ќе се занимава со музика, иако неговиот татко кој беше доктор, имаше други планови за него.
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
И како што самиот вели, оваа негова желба да биде музичар, која што ја имал уште од своето најрано детство, ја остварил, додека сега, неговата најголема желба која за жал се уште не е остварена е да има дете.
Инаку, Јашар во многу негови интервјуа зборувал отворено за својот живот, но и за најтешкиот период низ кој поминал.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, пред 30 години во сообраќајна несреќа загина неговиот брат Ипче кој исто така беше многу познат пејач.
Несреќата се случи во 1994 година и како што самиот Јашар вели тогаш животот му се свртел наопаку.
Принтскрин/ Јутуб
„Бев во Белград кога дознав за неговата смрт, беше 5 част наутро. Песните што му ги посветив ги отпеав тогаш и никогаш повеќе. Тешко беше и да се снимаат тие песни… Неговите песни се толку популарни што тој е идол и кај помладите генерации. Кога ги пеам неговите песни, тоа е делириум. Многу ми е драго заради тоа“, изјави Ахмедовски во една пригода во емисијата „Премиера викенд специјал“.
„Тешко плачам, ама кога ќе слушнам негова песна, да. Емоциите ме совладуваат. Татко ми и мајка ми починаа од тага кога тој почина“, одвај совладувајќи ги емоциите повторно да не заплаче.
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
Потсетуваме, песните на Јашар Ахмедовски и денес се големи хитови, но малкумина знаат дека човекот што ги пее по потекло е од Македонија.
Инстаграм/ Јашар Ахмедовски
Имено, Јашар по потекло е од Пласница, село кое се наоѓа меѓу Кичево и Прилеп, и тој секогаш со гордост го истакнувал тоа.
Тој денес важи за еден од најуспешните и најбогатите музичари на Балканот, а својата кариера ја започнува во Сараево, каде неговиот татко, по професија доктор, ќе реши да го запише во тамошното средно медицинско училиште.
Јашар е роден во многудетно семејство, четворица браќа и една сестра, и како што самиот вели, многу среќно детство.
Повеќе за животот на Јашар прочитајте тука.