Нема да ви се верува колку пари ќе заработува Дара од „Ѕвездите на Гранд“ – ова е шок цифра за многумина
Еве колку пари ќе добие Дара за новиот ангажман

Од овие суми на некои ќе им се сврти во главата
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека од септември во „Ѕвездите на Гранд“ ќе ја гледаме пејачката Дара Бубамара.
Како што пренесуваат медиумите, Дара ќе добива некаде околу 2500 евра по снимена емисија, што воопшто не е малку.
Инстаграм/ Дара Бубамара
Како што деновиве објави српскиот портал Мондо, Дара според нивни блиски извори, најпрво добила понуда од „Пинковите ѕвезди“.
Наводно Жељко Митровиќ и понудил хонорар од 1500 евра по емисија, така што понудата од „Гранд“ била далеку поприфатлива.
Инстаграм/ Дара Бубамара
Дара веќе го потпиша договорот со оваа продукција, а потоа следуваа уште неколку интересни „трансфери“ поврзани со „Гранд“, но и со „Пинковите ѕвезди“ кои од овој септември повторно стартуваат.
Имено, откако Марија Шерифовиќ веднаш по финалето откри дека ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, големо изненадување беше и заминувањето на Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ.
Инстаграм/ Дара Бубамара
Тие и двајцата потпишаа договор со розовата телевизија и од овој септември ќе ги гледаме во жирито на „Пинковите ѕвезди“.
Колку вредеа и овие „трансфери“ за сега не е познато, а што се однесува до Дара и колку таа ќе заработува, во интервју за српскиот Курир, пејачката ги демантираше гласини8те кои претходно беа објавени во медиумите, но и не сакаше да открие детали од договорот.
Инстаграм/ Дара Бубамара
„Хахаха, секако дека тоа не е вистина. За финансии не се зборува, нити за деталите на деловниот разговор. Јас со Пинк секогаш бев во супер односи, последниот албум го издадов за нив и понудено му е да бидам во ‘Пинковите ѕвезди’, и секако, понудени ми беа и ‘Ѕвездите на Гранд’“, откри тогаш Дара додавајќи дека избрала подобри услови.
Таа тогаш најави и дека гледачите ги очекува досега невидено шоу, но и дека покрај Цеца, Ана и Ѓуришиќ, во жирито ќе има уште едно големо име, „вистинска ѕвезда“ како што вели таа.
Од друга страна и „Пинковите ѕвезди“ се групираат, а се погласно се шушка дека и Јелена Карлеуша би можела да им се приклучи.
Повеќе за ова прочитајте тука.