Нашата Ирена вака си ужива на плажата – опуштена максимално, не сте ја виделе во вакво издание
На море, кај соседите...

Време за опуштање…
Пејачката Ирена Спасовска покажа како ужива во костим за капење и со ова свое издание ги изненади бројните фанови.
Имено, таа покажа како ужива за сите пари на море во Валона, а ова нејзино „селфи“ не можеше да помине незабележано.
Инстаграм/ Ирена Спасовска
Таа го покажа и својот портокалов костим за капење, па ги воодушеви сите со својот изглед во шестата деценија.
Инаку, Ирена неретко на своите профили на социјалните мрежи знае да сподели и по некоја провокативна фотографија.
Инстаграм/ Ирена Спасовска
И секогаш најмногу коментираат припадниците на посилниот пол, а така беше и со ова нејзино летно издание.
Спасовска ужива во животот и го живее со полни гради, а важи за една од напите најпознати фолк-пејачки.
Инстаграм/ Ирена Спасовска
Веќе долги години е дел од нашата музичка сцена и зад себе има многу настапи и фестивали, а привлекува внимание и на Инстаграм.
Некои од нејзините објави погледнете во продолжение…