Наши ѕвезди

Македонецот што со песна ги расплака сите, а некогаш продаваше весници и работеше како келнер

Од продавач на весници на семафори, до финалето на најгледаното музичко шоу на Балканот

Advertisement

Пејачот кој со својот глас допре до срцата на многу дами

Финалистот во „Никогаш не е доцна“, Мирослав Тодосовски, успеа да ја расплаче Алка Вуица с о еден од своите настапи.

Advertisement

Никого не остави рамнодушен и со песната од Тоше Проески, „Тајно моја“, која што исто така маестрално ја изведе, преплавувајќи ги со емоции членовите на жирито, но и публиката која со воодушевување го слушаше.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Тој не крие дека имал бурен емотивен живот, а во разговор со „Гранд“ откри дека токму овие емоции му помагаат во неговите изведби.

Advertisement

Но и покрај неговиот турбулентен љубовен живот, Миро веќе со години е со својата девојка која што многу ја сака.

Инстаграм

Неговата партнерка е поранешната словенска тенисерка, Алеша Багола, која беше на ВТФ листата кога имаше само дваесет години, но заради повреда русокосата убавица мораше да се откаже од тенисот.

Таа му беше најголема поддршка на Миро и за време на настапите во шоуто, а веќе долго време живеат заедно во Љубљана.

Инстаграм

Потсетуваме, Миро има 48 години и веќе со години живее во Словенија, а по потекло е од Македонија.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Тој во последната сезона од „Никогаш не е доцна“ беше еден од милениците на гледачите, посебно на дамите.

И како што самиот откри за време на шоуто, во животот се занимавал со сé и сешто, а едно време продавал и весници на семафор.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Повеќе за животот на Миро, но и за неговите најдобри настапи во „Никогаш не е доцна“, дознајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button