CelebrityНовости

Тој ден кога испушти душа, за миг го тргнав погледот… – прва исповед на Сузана за последните денови на Саша Поповиќ

„Требаше да одиме на терапија, но му беше ужасно лошо. Едвај го внесовме во авион, тешко одеше. Мојот кревет во болницата беше на 20 сантиметри од неговиот. Ноќе го преслекував, внимавав да не падне кога станува. Умирав заедно со него...“

Advertisement

Во првата јавна и длабоко емотивна исповед по смртта на легендарниот Саша Поповиќ, неговата сопруга Сузана Јовановиќ проговори за последните месеци од неговиот живот. За српски „Скандал“, таа откри детали кои длабоко ја потресоа јавноста, раскажувајќи за болката, борбата, и моментот кога сфатила дека нејзиниот сопруг ја губи најголемата битка – битката за живот.

фото инстаграм/Саша Поповиќ

Сѐ започна со едно обично паѓање

„Во Опатија ја скрши ногата, па дојде тука за да ја санира повредата. Одеше на аудиции, беше нервозен што не може да функционира со полн капацитет, како што беше навикнат. Се лизна, брзаше, не го запали светлото… и така падна. Ја скрши коската“, започнува со трепет во гласот Сузана.

Advertisement

Се чинело дека е во прашање само физичка повреда. Но, реалноста беше далеку потешка.

„Гипс, прегледи, скенери… ништо не укажуваше на тоа што не очекуваше.“

Судбоносниот скенер

„На Бежаниска коса му беше направен скенер, бидејќи им беше сомнително зошто коската толку бавно зараснува. И тогаш ги открија промените на желудникот… Бев цело време покрај него. Кога лекарите побараа тој да биде првиот што ќе ја слушне дијагнозата, знаев дека нешто не е во ред. А тој, кога го прашаа дали можат и мене да ми кажат, рече: ‘Боже, луѓе, какво прашање, па јас од Сузана немам никакви тајни’“, раскажува таа низ солзи.

Advertisement

Париз, надеж и болка

Следната станица била Париз, каде се надевале дека медицината ќе ја победи судбината. Но, надежта била сѐ послаба.

„Требаше да одиме на терапија, но му беше ужасно лошо. Едвај го внесовме во авион, тешко одеше. Мојот кревет во болницата беше на 20 сантиметри од неговиот. Ноќе го преслекував, внимавав да не падне кога станува. Умирав заедно со него. Лекарите тогаш рекоа дека метастазите го зафатиле црниот дроб и дека наредната терапија може да го убие“, се присетува Сузана со грутка во грлото.

Последните моменти и збогувањето

Сузана го прашала медицинскиот тим колку време му останува. Одговорот бил суров и директен: ден, два, можеби три. Таа веднаш ги повикала децата да се простат со татко им.

„Доаѓаа и најблиските пријатели на Сале. На крај, крај него останавме само Даниел и јас. Александра не можеше да издржи, мораше да си замине. Тој ден кога испушти душа… само за секунда го тргнав погледот кон телефонот. Даниел го гледаше цело време и ми рече: ‘Мамо, Сале веќе не дише.’ Тоа беше ужасно. Му го допрев пулсот… и сфатив дека го нема“, споделува таа, не криејќи ја болката.

И покрај сѐ, последните зборови на Саша биле полни со љубов, доверба и охрабрување.

„Ми рече дека верува во мене, дека знае дека сѐ ќе довршам, за децата, за нас, за становите и локалите што им ги обезбедивме. Дека никогаш да не се предадам и да продолжам да се борам. И тоа ќе го сторам“, заклучува Сузана, пренесува Гранд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button