MAMAДом и семејство

Како да ја препознаете анксиозноста кај детето и како да се справите – тие не можат да кажат што ги мачи

Главоболки, повлекување, ноќни кошмари или прекумерна потреба за сигурност може да бидат предупредувачки знаци на анксиозност кај децата, еве како родителите можат да помогнат.

Advertisement

Анксиозноста кај децата често не изгледа исто како кај возрасните. Наместо да зборуваат за страв или напнатост, децата често ги изразуваат овие емоции преку телото, однесувањето и промените во нивните секојдневни навики.

Кога дете се жали на болка во стомакот или главоболка без медицинска причина, има проблеми со спиењето или одеднаш избегнува активности што порано ги сакало, можно е да се работи за анксиозност – тивка, но упорна реакција на стрес.

Advertisement

Овие знаци не треба да се игнорираат ниту да се објаснат со реченици како „ќе помине“ или „само бара внимание“. Всушност, анксиозноста кај децата е реална, емотивна состојба која, ако не се третира навремено, може да има долгорочни последици врз нивното ментално здравје, самодовербата и развој.

пекселс

Како се манифестира анксиозноста кај децата?

Анксиозноста кај децата може да се појави во различни форми:

Физички симптоми се главоболки, болки во стомакот, мачнина, потење или забрзано чукање на срцето, често без јасна медицинска причина.

Advertisement

Емоционални реакции: страв од одвојување од родителите, прекумерна грижа за секојдневни ситуации (дали ќе задоцнат на училиште, ќе паднат на тест, ќе се разболи некој од семејството).

Промени во однесувањето: повлекување, раздразливост, избегнување социјални активности, како родендени или дружења.

Проблеми со спиење: тешкотии со заспивање, чести будења во текот на ноќта, кошмари.

Нарушен апетит: губење на апетит или, напротив, зголемена потреба за храна.

Потреба за постојана сигурност: децата често поставуваат прашања од типот: „Ќе биде ли сè во ред?“, „Ќе дојдеш ли да ме земеш?“, „Ќе се разболам ли?“, и овие прашања ги повторуваат повеќепати во текот на денот.

Што можат да направат родителите?

Најважно е детето да почувствува дека не е само, дека неговите чувства се реални и сфатени и дека постои начин да се справи со нив. Наместо да се минимизираат неговите грижи, потребна е поддршка преку:

Отворен разговор: Прилагоден на возраста на детето, со јасни, едноставни зборови. Прашајте го како се чувствува и покажете искрено внимание.

Стабилна рутина: Децата се чувствуваат побезбедно кога денот им е предвидлив. Обидете се да одржувате редовно време за спиење, оброци и учење.

Охрабрување без притисок: Поттикнете го да се соочи со тоа што му предизвикува анксиозност, но без да го форсирате. Дозволете му да го направи тоа во свој ритам.

Ограничување на стресни содржини: Намалете го изложувањето на информации што можат да ја зголемат вознемиреноста, како насилни сцени од филмови и видеоигри, вести или воопшто, вознемирувачки теми.

Професионална помош: Доколку симптомите се влошуваат или траат подолго време, консултирајте се со психолог или детски психотерапевт.

пекселс

Можеби не го кажуваат, но го чувствуваат длабоко

Важно е да се разбере дека анксиозноста не е знак на слабост. Тоа е начинот на кој детето му одговара на стресот. Колку порано се препознае, толку подобро може да се помогне.

Родителите, наставниците и возрасните што се во контакт со децата имаат клучна улога, не само во препознавањето на симптомите, туку и во создавањето безбедна, емотивно стабилна средина во која детето може да зборува, да се изрази и постепено да научи да се справува со своите чувства.

Треба секое дете да знае дека не е само, дека тоа што го чувствува не е нешто чудно, и дека секогаш има начин да се справи, особено кога знае дека некој го слуша и го поддржува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button