Направете домашна боза многу лесно, а како професионалец, со само 4 состојки – природен пробиотик, извор на енергија и витамин Б
Што ја прави бозата толку посебна? Пред сè - тоа е нејзиниот пробиотски ефект. Благодарение на процесот на ферментација, бозата е полна со „добри“ бактерии кои ја поддржуваат цревната флора, го подобруваат варењето и го јакнат имуниот систем.

Во времето кога сè повеќе луѓе се свртуваат кон природна и традиционална исхрана, бозата полека го враќа своето заслужено место на нашата трпеза. Овој густ, благо-киселкаст пијалак со потекло од Блискиот Исток, е познат уште од античко време и се смета за еден од најстарите ферментирани пијалаци во светот.
Подготвена од пченкарно или пченично брашно, со квасец и шеќер (или мед), бозата е вистинска ризница на хранливи состојки.
Што ја прави бозата толку посебна? Пред сè – тоа е нејзиниот пробиотски ефект. Благодарение на процесот на ферментација, бозата е полна со „добри“ бактерии кои ја поддржуваат цревната флора, го подобруваат варењето и го јакнат имуниот систем.

Но тоа не е сè. Бозата е богат извор на витамини од Б-комплексот, особено Б1, Б2 и Б6, кои се од суштинско значење за правилно функционирање на нервниот систем и метаболизмот. Покрај тоа, содржи природни шеќери што обезбедуваат брз извор на енергија – идеално за оние кои се чувствуваат исцрпено, уморно или имаат потреба од здрав пијалок по напорен ден.
Во народната медицина, бозата се користела и како природен тоник за јакнење на организмот по болест или породување. Таа има благ смирувачки ефект, го регулира апетитот и, кога се приготвува со мед, претставува уште подобар антиоксидантски сојузник.

Ако сакате да ја подготвите дома, ви го претставуваме традиционалниот рецепт кој се подготвува навистина лесно и само со четири состојки.
Состојки:
500 г пченкарно брашно
5 литри млака вода
20 г пекарски квасец
500 г шеќер (или мед, по избор)
Подготовка:
Во тенџере се става брашното и се додава млака вода. Се остава да отстои неколку часа (најдобро е да се приготви навечер).
Потоа, смесата се вари на средна температура околу 2 часа, повремено мешајќи со голема дрвена лажица.

Кога ќе се свари, се трга од оган и се остава да се излади.
Во меѓувреме, квасецот се раствора во 2 дл млака вода и се додава во изладената смеса. Се промешува добро и се остава да ферментира преку ноќ. Тенџерето покријте го со проѕирна фолија, на која потоа ќе направите дупчиња со помош на чепкала.
Следниот ден, течноста се процедува низ бела газа или тенка крпа.

Се додава шеќер по вкус (или мед), добро се лади и се сервира – во летните денови освежителна е и со мраз.
Најдобро е да се консумира во рок од 3 до 4 дена бидејќи подоцна добива поинтензивно кисел вкус.
