Полната Месечина во Водолија носи љубовни пресврти, раскинувања и чистки – еве кои значи ќе преживуваат вистинска драма, но и ослободување!
Полната Месечина во Водолија е шанса за внатрешна револуција. Љубовта што ја бараме почнува кога ќе престанеме да се задоволуваме со трошки од она што не нè исполнува. Сега е време за вистина. И за храброст.

На 9 август небото ќе биде обележано со моќна полна Месечина во знакот на Водолија која ќе ги распламти сите тензии во љубовните односи, барајќи длабоки пресврти, краеви и нови почетоци.
Оваа Месечина носи кулминација во односите, ослободување од старите обрасци и повик кон поголема емотивна слобода.
Ова е момент на јасност кога се завршуваат приказни што веќе немаат место во иднината, особено во сферата на љубовта, пријателството и блиските врски.
Под влијание на Водолија, оваа Месечина нè повикува да прекинеме со обврзувања кои не ја поддржуваат нашата автентичност и да се поврземе со оние односи кои ја почитуваат нашата индивидуалност. Се отвора простор за нова дефиниција на љубовта – таква што не врзува, туку ослободува. Во срцето на оваа астролошка поставеност се крие револуција: во начинот на кој се поврзуваме, сакаме и простуваме.
Ова не е време за пасивност. Полната Месечина разбудува стари емоции, долготрајни дилеми и ја поттикнува потребата за искреност. Ќе чувствуваме внатрешен немир, особено ако сме заглавени во односи кои не нè исполнуваат. Сега е време да го избереме тоа што вистински нè храни.
Најпогодени хороскопски знаци
Водолијата ќе биде во центарот на емоционалниот вртлог. Сите лични прашања излегуваат на површина, барајќи вистински одговори. Може да се појави силна потреба за промена, независност и создавање живот по свои правила.
Лавовите ќе се соочат со силни предизвици во партнерствата. Ќе мора да изберат дали да останат во безбедното или да се соочат со вистинската слика за љубовта што ја живеат. Конфликтите ќе донесат или продлабочување на врската или нејзин крај.
Овните и Стрелците ќе почувствуваат ослободување од обврски кои не им дозволуваат личен раст. Можни се разговори кои носат олеснување, но и одлуки што водат кон разделби.
Раковите ќе навлезат во длабока емоционална самоанализа. Нивните интуитивни способности ќе бидат засилени, но и чувствителноста, што ќе ги поттикне да ги преиспитаат своите најблиски односи.
Рибите ќе имаат шанса за неочекувано враќање на стара љубов или исцелување на неразрешен емотивен настан од минатото. Оваа месечина за нив носи шанса за простување и емотивен раст.
Бикот, Скорпијата и Девицата ќе се најдат во ситуација каде ќе мора да постават јасни граници. Ќе научат да кажуваат „не“ и да ја прифатат моќта на емотивното дистанцирање како здрав избор.
Што значи оваа месечева енергија за сите знаци?
Оваа Месечина завршува циклус започнат во првите месеци од годината. Сега ги гледаме последиците од донесените одлуки, или платата за она што сме го трпеле предолго. Конфликтот меѓу желбата за блискост и потребата за слобода ќе биде акутен. Ќе се отвораат прашања за лојалност, автономија, доверба и иднина.
Ова е време кога нештата кои се граделе на компромиси без вистинска вредност ќе се распаднат. Не затоа што љубовта исчезнала, туку затоа што потребата за вистински, слободен однос е поголема од стравот од осаменост.
Не го потиснувајте немирот. Не бегате од разговорите што ве плашат. Сега е време за расчистување!
Препознајте што ве врзува, што ве гуши, и ослободете се од тоа. Бидете искрени, пред сè со себе. Големите промени почнуваат од мали вистини.