Денес не започнувајте ништо ново, а ова работа носи посебна среќа – ја спомнуваме св. Христина
Денес, 6 август, православните верници се сеќаваат на светата маченичка Христина од Тир која е симбол на непоколеблива вера и духовна сила.

Животот и страдањата на Света Христина од Тир се сведоштво за силата на верата и нескршливиот дух на една млада девојка која го одбрала патот на христијанството во време кога тоа било забрането и сурово казнувано.
Родена како ќерка на идолопоклоничкиот намесник Урбан, Христина била затворена во висока кула заради нејзината необична убавина и во обид да биде заштитена од надворешниот свет. Сепак, преку својот разум и набљудување на природата, таа ја открила вистината за живиот Бог и ја прифатила христијанската вера.

Нејзиното кршење на идолите поставени од нејзиниот татко предизвикало бран од гнев и сурови маки. Подложена на нечовечки тортури, Христина покажала извонредна храброст и непоколебливост, а во текот на нејзините страдања се случиле и чудотворни знаци, како ненадејната смрт на нејзиниот мачител Дион и слепило на неговиот наследник Јулијан.
И покрај се, таа останала верна до крај, положувајќи го својот живот со маченичка смрт во третиот век.
Во православната традиција, споменот на Света Христина е ден посветен на молитва, мир и проштевање.
Дента на нејзиниот спомен, но и ден потоа, не треба да се започнуваат нови работи, ниту да се прават големи свечености, бидејќи тоа може да донесе несреќа.
Посебно се потенцира важноста на молитвата и духовното исцеление, како и проштевањето како начин за добивање на благодат.

Од традиционалните обичаи, вообичаено е пиење вода од природни извори рано наутро па се до пладне, кое според верувањата ги чисти душата и телото, како и собирањето и носењето на суви цветови и тревки кои се сметаат за заштитни амајлии.
Молитвите кои се изговараат на овој ден, особено Псалмот 50, имаат голема моќ за духовно исцеление и заштита.
Помилуј ме, Боже, според милоста Твоја,
и според големата Твоја љубов избриши ги моите беззаконија.
Исчисти ме сосема од мојата вина,
и од мојот грев очисти ме.
Јас сум свесен за моите беззаконија,
и мојот грев секогаш ми е пред очи.

Житието на Света Христина од Тир и денес служи како инспирација и потсетник за верниците дека верата и духовната сила можат да победат секоја мака и искушение, а почитувањето на традиционалните верувања и обичаи носи мир и благодат во животот на луѓето.