Наши ѕвезди

Пејачот Ламбе Алабаковски се огласи и распали по организаторите што им даваат пари на странци

Ова не можеше да го премолчи

Advertisement

И не е единствениот…

Нашиот познат фолк-пејач Ламбе Алабаковски отсекогаш бил познат како некој што нема влакна на јазикот, а тоа го покажа и сега.

Advertisement

Имено, Ламбе сподели една објава во врска со странски изведувач што е поканет на еден настан во Македонија.

Принтскрин

Неговата објава предизвика бура од реакции, а се однесува на босанскиот пејач Дино Мерлин кој треба да настапува во Штип, на манифестацијата „Штипска пастрмајлијада“.

Advertisement

Овој настан предизвика револт кај многу наши музичари посебно заради големата сума што ја добиваат овие изведувачи.

Принтскрин

Ламбе очигледно беше револтиран од ова, па на својот профил на Фејсбук ја коментираше ситуацијата во нашата земја.

„Ама затоа Дино не го заборавивме како и куп други калаштури и мисири за 1000000”€€€€€€€€€€€€… Македонијо колку ли уште треба за да те домакедончиме?!?!?!…“ напиша тој и сподели еден коментар кој беше објавен на босанска Фејсбук страница од Швајцарија (Босанци.цх), а во која го критикуваа овој свој музичар.

Што пишува и во оваа објава, погледнете во продолжение:

Принтскрин

Големо внимание привлече и еден коментар под објавата на Ламбе, а во која се споменува палењето на бугарскиот клуб во Битола.

Принтскрин

Потсетуваме, сите беа изненадени кога се дозна дека познатиот пејач Ламбе Алабаковски во 2022 година го подметна пожарот пред бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Алабаковски откако беше откриен од страна на полицијата го призна делото, а овој негов потег многумина во Македонија го примија со воодушевување, иако имаше и такви кои го осудија.

Повеќе за ова прочитајте тука, а во продолжение погледнете го и моментот кога Ламбе го запали Францускиот предлог…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button