Нега и здравје

Краставицата го топи салото – но само ако вака ја употребувате!

Нека ова лето краставицата стане ваш секојдневен ритуал, помага за топење на килограмите.

Advertisement

Во сезоната на лесни, свежи оброци и летни диети, краставицата сè почесто го зазема централното место на чинијата. Но, ако сте навикнати да ја лупите пред јадење, равите голема грешка зашто токму кората ја крие најголемата здравствена моќ на овој богат зеленчук што хидрира во топлите денови.

Зошто краставицата со кора е подобар избор?

Краставицата со кора содржи значително поголема количина на растителни влакна, кои се од суштинско значење за здраво варење на храната, како и за стабилен метаболизам. Кората ги стимулира цревата, го намалуваат ризикот од запек и создаваат чувство на ситост кое трае подолго. Затоа, краставицата со кора е особено корисна за луѓето кои се обидуваат да ја контролираат или да ја намалат својата телесна тежина.

Advertisement

Она што ја прави кората толку посебна е богатството од антиоксиданти, особено витамин Ц и бета-каротен. Овие соединенија го штитат телото од оштетување предизвикано од слободни радикали – процес што стои зад многу хронични заболувања, но и предвремено стареење на клетките.

пекселс

Дополнително, кората изобилува со важни минерали:

Калиум – помага во регулирање на крвниот притисок

Advertisement

Магнезиум – поддржува здрава функција на мускулите и нервите

Силициум – придонесува за сјајна кожа, цврсти нокти и здрава коса

Природен борец против воспаленија

Флавоноидите и танините присутни во кората на краставицата имаат изразено антиинфламаторно дејство. Тие го намалуваат нивото на воспаление во телото и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Нови истражувања дури укажуваат на тоа дека овие соединенија можат да помогнат и во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што ја прави краставицата погодна и за луѓе со предијабетични состојби или со дијабетес.

Како да ја внесете краставицата со кора во исхраната?

Темелно измијте ја кората, особено ако краставицата не е органска (директно од нива). Пожелно е да се користи раствор од сода бикарбона и вода или оцет за отстранување на пестициди.

Додадете ја во салати, тоа е најбрзиот начин за внесување свежи влакна. Вклучете ја во смути – изненадувачки се вклопува со нане, јаболко и лимон. Или пак, грицкајте ја со здрав дресинг, тоа е одлична замена за чипс или други калорични закуски.

пекселс

Не ја лупете кората дури ни кога правите цедени сосови, така ќе го збогатите вкусот, но и хранливата вредност.

Краставицата со кора не е само свежо и вкусно летно освежување, таа е и вистински сојузник на здравјето. Нејзината улога во регулирање на телесната тежина, подобрување на дигестивното здравје, јакнење на имунитетот и поддршка на срцевата функција ја прават незаменлива во секојдневната исхрана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button