Нашиот познат фолк-пејач ја сподели најубавата вест – пристигнуваат честитки, сите се воодушевени
Еден од омилените фолк-пејачи на своите обожаватели им подари преубава песна за македонскиот бисер, Охрид.

Пејачот ги израдува своите обожаватели
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев овие денови ги изненади своите верни обожаватели со нова песна.
Популарниот пејач на народна музика на социјалните мрежи ги сподели и спотот за новата песна и ги израдува сите.
Принтскрин/ Јутуб
Станува збор за нумера насловена „Охрид“, според еден од најубавите градови во Македонија, каде е снимен и спотот.
„Почитувани, со мало задоцнување поради обврските кои ги имам во текот на овој летен период, со задоволство ви ја претставувам мојата нова песна која ја посветувам на нашиот македонски бисер, Охрид. Се надевам дека уживате во песната и видеото. Поздрав до сите каде и да сте!“ напиша Јордан во својата објава на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Јутуб
Песната е снимена на неколку преубави локации во Стариот град, а како звучи Јордан во ова негово издание, слушнете во продолжение:
Музиката, текстот и аранжманот се на Јордан Митев, а целиот текст од песната прочитајте го во продолжение:
Во срцето на Балканот
На југ во Македонија,
помеѓу Галичица и Јабланица,
таму Бог го дарувал Охридското Езеро.
Сино око длабоко што ми светнало
Таму е славната таја града Охрида
Што ја краси нашата Македонија
Реф:
Охриде, Охриде, најубав си ти
Охриде, Охриде, град Македонски
И кога ќе проѓеташ по таја стара чаршија
Дуѓа ќеси насладиш лафе, баклава
Многу сказни љуовни кријат тие сокаци
Мног средби, разделби, многу радости
Секој што те погледнал, во тебе се заљу
Принтскрин/ Јутуб
Реф:
Охриде, Охриде, најубав си ти
Охриде, Охриде, град Македонски
А најгоре во варошот
Порта многу вековна
Таму е тврдината Самоилова,
Климент, Наум Охридски. Плаошник и Пресвета
Перивлепта Пречиста Богоридица
Тука Света Софија и Свети Јован Канео
Чуваат многу длабоко, се македонско.
Реф:
Охриде, Охриде, најубав си ти
Охриде, Охриде, град Македонски