Најбогатата фолкерка го ожени синот во тајност – невестата бремена, ваков раскош нема ни во филмовите
Познатата пејачка наскоро ќе стане баба

Марко Бјелиќ направи тајна венчавка во својот дворец
Наследникот на Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ, Марко Бјелиќ, се ожени со неговата девојка Мелани Димитријевиќ.
Тие направија таинствена венчавка во семејниот дворец во Виена, далеку од очите на јавноста и медиумите.
Инстаграм
Наследникот на најпознатата фолк-пејачка од Балканот се ожени како во холивудските филмови, а првите фотографии што испливаа го откриваат раскошот и венчавка како од бајките.
Како што пренесуваат медиумите, церемонијата се одржала во семејниот дворец, а на истата присуствувале само најблиските.
Инстаграм
Целосната декорација била инспирирана од кралската елеганција, а Мелани носела раскошна бела венчаница.
Таа изгледала како принцезите од бајките, додека нејзиниот сакан блескал покрај неа во класичниот сив костум.
View this post on Instagram
Гостите уживале во врвна гастрономија, а како круна на вечерта била и тортата на пет ката која изгледа како на филмовите.
View this post on Instagram
Потсетуваме, наследникот на Драгана Мирковиќ наскоро ќе стане татко, па пејачката во една пригода ги потврди гласините.
„Јас денес сум најсреќната жена на светот бидејќи можам и официјално да потврдам дека ќе станам баба. Мелани, избраничката на мојот син Марко ни донесе неопислива радост кога ни соопшти дека е во блажена состојба“, откри неодамна популарната пејачка за медиумите.
View this post on Instagram