CelebrityTV

Нови мега ѕвезди се ближат до потпис за жири во „Ѕвездите на Гранд“ – вистинска енергетска експлозија во шоуто!

На големо течат преговорите со две големи имиња што треба да ги заменат Марија Шерифовиќ и Босанац на столчињата во жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

По заминувањето на Марија Шерифовиќ и Драган Стојковиќ Босанац од популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, раководството на продукцијата започна интензивни преговори со две значајни музички ѕвезди, за кои веруваат дека ќе внесат нова динамика и освежување во составот на жирито во наредната сезона.

Според информации на српски „Курир“, по официјалното заминување на Марија и Босанац, продукцијата води сериозни разговори со сопругата на покојниот Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, како и со Лепа Брена.

Advertisement

„Тоа би била идеална комбинација на која „Гранд“ веќе работи. Брена и Сузана би внеле нова енергија во шоуто“ – изјавил извор близок до продукцијата.

Изворот додава дека Саша Поповиќ, поранешниот прв човек на продукцијата кој за жал почина пред скоро половина година, бил посветен целосно на развојот на овој музички проект и дека неговото дело живее и ќе живее уште долго. Сузана пак, неговата сопруга и пејачка, е најдобро упатена во сите детали на натпреварувањето, затоа нејзиното искуство би било од огромна полза.

Потсетуваме, Дара Бубамара е веќе потврдена нова членка на жирито и таа од септември официјално ќе се појави на столчето.

Advertisement

Според она што засега се знае, преговорите со Сузана Јовановиќ и Лепа Брена се движат во позитивна насока и се очекуваат официјални потврди во скоро време.

Ова секако претставува нова етапа за шоуто „Ѕвездите на Гранд“, кое со години ги открива и гради ѕвездите на регионалната музичка сцена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button