Го гледавме на „Никогаш не е доцна“, а еве каде може да го слушате во живо во Скопје – незаменливиот Цеки!

Еден од најпознатите македонски кантавтори, извонредниот вокал Зоран Рудан -Цеки, којшто својата популарност ја имаше во 90-те кога вадеше и свои композиции, а годинава одново се прослави во регионот со своето појавување во популарното балканско музичко шоу „Никогаш не е доцна“, можете редовно да го слушате на едно место во Скопје.
Екипата на „Гламур“ беше на работна прошетка низ Градскиот парк и одеднаш не примами еден препознатлив моќен глас. Што да видиме во култното „Вршац’ кај сатдион со гитарчето наместен пее ли пее нашиот Цеки.

Нарачавме кебапчиња и уживавме во летната атмосфера, пирка ветерче, се чувствува свеж воздух од природата во парк и свеж воздух од добриот Вардар, кој не разладува во овие горештини. Го уловивме Цеки како пее една балада која што сакаме да ја споделиме со вас.
Инаку, Цеки во „Никогаш не е доцна“ стигна до финалето и собра многу пофални зборови, стана миленик посебно за женската публика со својот шарм и стас. Секогаш додтеран во рекрасни креации.
Да се потсетиме на едне од неговите настапи.