Амела Мемиш Апостоловска, е познат клинички психолог, хуманитарец и пред се, мајка на дете со аутистичен развој. Жена која редовно ги споделува предизвиците и напредокот на нејизното синче Леон.
Со најновата објава на социјалните мрежи оваа скопјнака направи сеќавање за денешниот кобен ден за Скопје. Амела раскажа за тоа што ѝ раскажувал нејзиниот татко кога се случил потресот во далечната 1963 година.
Advertisement
„Тргнав на работа заедно со татко ми. Бев млад, негов помошник во акционерското друштво Бутел Погребално. Движејќи се пеш, без возило, среде улица се слушна силен звук…
Го погледнав татко ми и за неполни 5 секунди почувствувавме како сè затресе, а веднаш потоа следуваше вториот, посилен бран…
Жена која се појави од соседната улица ми довикна: ‘Синко, седни долу!’ Седнавме на улицата. По кратко време над Скопје се крена темен облак. Луѓето панично истрчуваа, вресоци, лелек… Се бараа загинати, се спасуваа заглавени од рушевините…“ – пишува таа што ѝ раскажувал нејзиниот татко секоја година на денешен ден.
Таткото на Амела живеел во Маџир Маало и имале среќа нивнот дом да остане во добра состојба по земјотресот. Таа раскажува дека нејзинот дедо и татко помагале во наоѓањето на жртвите под урнатините на градот.
Татко ми и дедо ми биле меѓу оние храбри луѓе кои во најтешките денови, со свои раце, извлекувале тела на загинати од под рушевините. Слика што се врежала длабоко во меморијата и што секоја година, на овој ден, се раскажува одново.Токму тогаш се формира и погребалното претпријатие АД Бутел. Капелата е изградена од рацете на мојот дедо и татко, како и поголемиот дел од надгробните плочи. За жал, помалку од една година по земјотресот, дедо ми починува поради лекарска грешка. Татко ми останува сам да се грижи за себе, за својата мајка и за уште четворица членови на семејството.
Прочитајте го нејзиниот статус во продолжение.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .