Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка сподели преубава вест – цел ден пристигнуваат честитки, Анета никогаш посреќна

Ова беше посебен ден за неа

Advertisement

Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковка вчера славеше роденден, па на Инстаграм сподели бројни честитки

Таа доби голем број пораки од пријателите и фановите, но секако најмили и се оние што ги доби од најблиските.

Advertisement

Тоа секако се однесува на нејзината ќерка Моника, но и на нејзиниот брат Борче и мајка и Лиљана кои исто така не го заборавија овој ден.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Нејзината наследничка сподели нивна заедничка фотографија на која и двете блескаат со своите црвени коси.

Advertisement

„Среќен роденден душа на бате, да си ми здрава и жива“, напиша нејзиниот брат Борче Љумаковски на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Денес е твој ден душо мајкина. Прослави го најдобро што можеш. Биди среќна, весела и насмеана. Уште многу години да славиш и да не веселиш со песни. Ти посакувам сé она што може да посака една мајка на свето чедо. Среќен роденден“, напиша нејзината мајка Лиљана.

Пејачката сподели и бројни честитки од своите колеги и колешки, а нејзините фанови беа изненадени и од бројот она годините.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, Анета го славеше својот 41 роденден, а многумина коментираа дека во последно време изгледа се поубаво и поубаво.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Потсетуваме, Анета по разводот од својот поранешен сопруг ја заврши својата соработка со група Молика и продолжи соло.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Покрај својата соло кариера, таа денес настапува и со Дакапо бенд, а она што сите го забележуваат кај неа е и нејзиниот нов имиџ.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, пејачката во последно време се почесто изненадува со своите модни приказни, но и со нејзините фризури.

Така беше и со роденденската фотографија на која е со своите колеги, кои ја изненадија со раскошната торта, додека пејачката ги изненади своите верни обожаватели и со својата нова шик фризура.

Како изгледаше Анета и во ова издание, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button