Жика ја бакнуваше Добрила (97) пред камерите – ќе се изненадите и што зборуваше за нејзиниот живот
Неколку сцени за кои и денес се зборува

Познатиот водител во една пригода откри дека Добрила му е идол, но и дека би сакал на 90-години да живее како неа…
Добрила Ивановска Чабриќ е најстарата учесничка во „Никогаш не е доцна“, но и победничка во ова шоу за ветерани.
Таа победи во третата сезона од емисијата, а и денес, на свои 97 години, е една од омилените гостинки.
Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна
Па така во една пригода кога Добрила се појави на снимањето на една емисија, а Жика Јакшиќ кога ја виде, се израдува.
Во една пригода следуваше и бакнеж во уста, а публиката тогаш и двајцата ги награди со громогласен аплауз.
Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна
Имено, Жика со Добрила беше инспириран уште од нејзиното прво гостување, а посебно беше фасциниран што таа тогаш имаше 92 години.
Тој во една пригода ја нарече и негова девојка, па повторно следуваше и бакнеж пред сите што посебно ги воодушеви гледачите.
Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна
„Дали ти се јавуваат додворувачи? Кажувај ми малку“, ја праша тогаш Жика, по што и Добрила се пошегува на нивна сметка.
„Имам од Австрија, Белград… Ама знаеш што, ти многу ми ја распишуваш работата, затоа што сите велат дека ‘ќе му кажат на Жика’, па не смеам да мрднам“, се пошегува тогаш Добрила и ги насмеа сите.
Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна
Инаку, Жика многу пати истакнал дека токму Добрила му оставила најголем впечаток во „Никогаш не е доцна“.
„Постојат многу кои кај мене оставија траг, но јас сепак би ја издвоил Добрила Ивановска која и со 91 години дојде до финалето. Жената имаше скоро и незгода, бидејќи вози и на 93 години и добро е, закрепнува, фала му на Бога. Немам многу време да се слушнам со сите, но одвреме-навреме ќе размениме некои пораки и ќе си ги честитаме празниците. Ете, со Добрила се гордеам и на целиот нејзин живот. Ми стана идол и сакам и јас да живеам така на деведесет години“, изјави омилениот водител во една од претходните емисии.
Како изгледаше и неочекуваниот бакнеж помеѓу него и Добрила, потсетете се во продолжение:
Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна
Потсетуваме, по победата во шоуто, Добрила ја прашаа кој е нејзиниот рецепт за долг живот, но таа тога имаше само кратка порака.
„Нема рецепт за долговечност. Едноставно, сакајте го животот и не препуштајте и се на старост. Годините се таложат, но јас не се давам“, изјави тогаш оваа неверојатна жена која за неколку месеци треба да го прослави својот 98 роденден, а се уште вози автомобил и речиси секоја вечер оди во казино.
Повеќе за ова прочитајте тука.