Хороскоп

Во август стигнува бран пари за три хороскопски знаци – подгответе се за пресврт на судбината!

Небото им е многу наклонето на три хороскопски знаци, но и вие мора да бидете присутни и да не ја пропуштате среќата и шансата што ќе ви ја понуди август. Пари, просперитет и нови можности се веќе на пат кон вас.

Advertisement

Најжешкиот месец од летото нема да донесе само топлина и одмор, туку и вистински финансиски пресврт за неколку избрани хороскопски знаци.

За нив, август ќе биде месец на приливи, стабилност и нови можности. Ако сте меѓу овие три хороскопски знаци,  време е да го отворите паричникот и срцето за добри вести.

Advertisement

Бик: Пари од сите страни, но и внатрешен мир

Август за Биковите ќе биде месец на стабилизација и финансиска сигурност. Ќе добиете можност да ги наплатите вложувањата од претходните месеци, а можна е и неочекувана заработка преку хонорарен ангажман, продажба или подарок.

Конечно ќе почувствувате дека трудот не бил залуден. Ќе се зголеми и довербата во сопствените способности, што дополнително ќе ви го зацврсти патот кон сигурност. Искористете ги овие денови за паметни вложувања.

Лав: Ѕвездите ви носат успех и финансиска експлозија

Лавовите во август влегуваат во својот најсилен период. Ќе бидете полни со идеи, а тие ќе почнат да носат и конкретен профит. Ќе добиете поддршка од влијателна личност или можност што долго ја очекувате. Пари пристигнуваат преку креативни или јавни проекти, а вашиот сјај нема да остане незабележан.

Advertisement

Внимавајте само да не се занесете – стабилноста се гради чекор по чекор. Финансиските прилики ќе бидат придружени со чувство на лична победа.

Вага: Рамнотежа меѓу срцето и паричникот

По подолг период на неизвесност, Вагите конечно ќе почувствуваат олеснување. Август ви носи вест за напредок – дали тоа е покачување, нова работа или исплата што долго ја чекате. Ќе се отвори врата што долго била затворена, а вие ќе знаете да ја искористите.

Пари пристигнуваат со леснотија, но вие ќе знаете како да ги распределите без никаква паника. Покрај финансиска добивка, можно е и убаво патување или вложување во нешто што ќе ви донесе радост.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button