Цаци од телевизија Сител откри како ја одржува својата беспрекорна форма – стомакот рамен како даска
Не сме ја виделе во вакво издание

Откри како ја одржува својата топ форма
Познатата водителка и новинарка од ТВ Сител, Славица Арсова, важи за една од најпрепознатливите лица од нашите мали екрани.
Таа веќе со години ги води вестите на најгледаната телевизија во Македонија и кога е пред камерите секогаш е тип-топ средена.
Инстаграм/ Славица Арсова
Таа важи за негувана дама кој се грижи за својот физички изглед, а сега покажа и како се одржува во топ форма.
Имено, Цаци понекогаш знае да сподели фотографии и снимки од кои може да видиме дека често се качува на Водно, но овој пат можевме да ја видиме и во поинакво издание, како вежба во едно студио.
Инстаграм/ Славица Арсова
Цаци на прошетка низ водно
Облечена во хеланки и спортска „кроп-топ“ маичка Цаци покажа како се поти, но и дека има рамен и затегнат стомак.
Повеќе од очигледно е дека здравиот начин на живот како и дисциплината и редовните тренинзи се виновни за нејзиниот изглед.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Славица Арсова
Потсетуваме, Цаци повеќе oд една деценија е во брак со колегата Александар Спасовски од телевизија Сител со кого имаат ќерка Мила.
Инстаграм/ Славица Арсова
Инстаграм/ Славица Арсова
Таа на својот профил на социјалните мрежи често знае да сподели и моменти од семејниот живот, а во последно време се почесто ги воодушевува следбениците и со своите модни приказни.
Некои од нив погледнете во продолжение: