Јордан Митев по објавата дека очекува бебе со уште една преубава вест – само убавини во неговиот дом
Наскоро нова песна од неговата „кујна“

Наскоро нова песна што ќе ја воодушеви публиката
Познатиот фолк-пејач по успехот на својата последна песна своите верни обожаватели ќе ги изненади со нов хит.
Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев неодамна ја најави својата нова песна со која ги израдува своите обожаватели.
Принтскрин/ Јутуб
Пејачот сега сподели и дел од спотот, а може да се слушне и мелодијата, но само еден многу краток дел од целата песна.
По успехот на својата последна песна „Ех, што имам брачеди“, и спотот снимен за истата кој веќе има речиси 200.000 прегледи, никој не се сомнева дека популарниот пеја и овој пат ќе погоди во целта.
Потсетуваме, Јордан претходно ги воодушеви сите и со песната што ја посвети на својата ќерка Кристина, а за која сними и спот.
Песната и се вика „Ќерка“, а Јордан неодамна ги изненади сите и кога откри дека неговата сопруга повторно е во блажена состојба.
Повеќе за ова прочитајте тука.
Принтскрин/ Јутуб
Инаку, Јордан важи за еден од најдобрите пејачи, но и кантавтори на нашата фолк-сцена, а многу негови песни се големи хитови.
Фејсбук/ Јордан Митев
Неговиот глас е надалеку препознатлив и со своите песни Јордан ги буди најубавите емоции кај своите слушатели.
Една од неговите најубави песни е и „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, а на неговата сјајна изведба на оваа песна во шоуто „Никогаш не е доцна“, потсетете се во продолжение: