Млада мајка од Струмица со 4 ангелчиња има тумор на мозокот – ајде да помогнеме да оди на лекување
Заедно може да направиме чудо и да помогнеме оваа млада мајка да добие шанса за нов почеток

Оваа мајка има тумор на мозокот и сите ние сме и потребни
Струмичанката Љутвие Демирова има 27 години и е мајка на четири деца на која итно и се потребни средства за лекување.
Таа има тумор на мозокот и мора итно да замине на операција во Турција, но за истата потребни и се 20.000 евра.
Приватна архива
Од овие причини би сакале да ги замолиме сите луѓе што се во состојба да помогнат да се вклучат во оваа акција.
Таа живее во својот дом во Струмица и постојано прима инфузии, а заради сложеноста на операцијата, мора итно да замине во Турција, каде со оперативниот зафат може да и се помогне.
Приватна архива
Па, да ја покажеме нашата хуманост и дарежливост, и да помогнеме на оваа млада мајка на четири деца да ги собере потребните средства.
Таа име потребна на своите деца, но и на семејството, така што и најмалата донација од секој од нас за сите нив значи многу.
Приватна архива
Како може да помогнете?
Тоа може да го направите со донација преку телефонскиот број на Македонски Телеком како и на следната жиро сметка:
143 114 – МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
270700085806149 – ХАЛК БАНКА
МК07300307068935646 – IBAN
KOBSMK2X – SWIFT
Па, ги повикуваме сите хумани луѓе да се вклучат во оваа хумана акција и да помогнеме оваа мајка да може да се грижи за своите дечиња.
Споделете ја пораката
Исто така ве замолуваме и да ја споделите оваа објава со вашите најблиски, како што повеќе луѓе би дознале за оваа акција.
Само сите заедно сплотени може да направиме чуда и да и пружиме на оваа млада мајка нов почеток со нејзините најмили.
Однапред ви се заблагодаруваме на сите на помошта и поддршката.