Никола по „Ѕвездите на Гранд“ со НАЈУБАВАТА ВЕСТ – пристигнуваат честитки, сите ги израдува (видео)
Не може да опише колку се гордее и колку е среќен што наскоро ќе излезе неговата омилен песна.

Станува збор за дует и тоа со пејач што многу го почитува
Младиот пејач Никола Станишиќ на социјалните мрежи сподели неколку сцени од својот нов спот и сите ги изненади.
Имено, обожавателите на младиот пејач беа изненадени кога тој само неколку дена по победата во „Ѕвездите на Гранд“ најави дека наскоро излегува нова преемотивна песна и спот за истата.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Тој на сојот профил откри дека снимањето веќе е во тек и дека станува збор за дует со неговиот омилен македонски пејач, Гоце Петрески.
И како што самиот Никол вели за Гоце, тој е пејач кого премногу го сака и дека растел со неговата музика.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
„Песната е посебна за мене. Премногу емотивна и преубава. Излегува брзо“, откри Никола на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Тој сподели и неколку сцени од снимањето, а како сето тоа изгледаше, погледнете од снимката во продолжение:
Потсетуваме, Никола пред само неколку дена убедливо победи во „Ѕвездите на Гранд“, а со оваа победа цела Македонија ја направи горда.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Имено, тој во текот на целото финале пееше на македонски јазик, а воодушеви посебно со песната „Бисер балкански“ која што ја испеа со многу емоции, по што младиот пејач беше награден со бројни гласови со кои тој триумфираше во популарното шоу.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Неговата победа беше убедлива, со речиси 140.000 освоени гласови, а моментот кога го прогласија за победник ќе остане запаметен.
Како сето тоа изгледаше, потсетете се тука.