Наши ѕвезди

Новата куќа на Џамбазов е на најубавото место, со неверојатен поглед кон езерото и изгрејсонцето

На ова место му е најубаво

Advertisement

Неодамна беше во Охрид, ама пак му се врати на своите омилени езеро каде го чекаше неговата верна другарка

Омилениот Игор Џамбазов со една од своите последни објави ги воодушеви своите верни следбеници на Инстаграм.

Advertisement

Имено, познатиот Џамбазов овој пат ја сними својата Ферхунде во дворот од куќата во која што живее, па со снимката што ја сподели им го разубави денот посебно на оние што обожаваат миленици.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Во главна улога секако е Ферхунде, која ужива испружена во тревата, додека од ова место се пружа прекрасна глетка на езерото.

Advertisement

„Абе, кој живот го има Фердухе , секое куче треба да има ваков сопственик . Значи Игоре , скидаме капа до под . Инаку оваа е од личност која обожава животни повеќе него ли луѓе. Мислам се разбираме нели. Убав ден“, му напиша на Игор една корисничка на социјалните мрежи, притоа додабајќи и емотикони со срциња во пораката.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Инаку, Џамбазов неодамна одржа концерт за паметење во Античкиот театар во Охрид, а само неколку дена претходно во друштво со своите најблиски и пријатели го прослави и роденденот во Дојран.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Потсетуваме, Џамбазов веќе неколку години живее во Дојран, а наскоро ќе заврши и со изградбата на својата нова куќа,

Инстаграм/ Игор Џамбазов

И како што самиот откри во една пригода, новата куќа се наоѓа на едно од најубавите места во Стар Дојран, а Џамбазов посебно му се радува на прекрасниот поглед што го има од својот двор.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Погледот од новата куќа на Џамбазов

Како ќе изгледа неговиот нов дом, но и зошто нашиот познат актер реши да живее токму на ова место, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button