Беше весело во домот на нашата позната фолкерка – минијатурен шорц и насмевка од милион долари
Пејачката го прослави својот 33 роденден

Марија сподели радосни вести
Познатата фолк-пејачка Марија Тодоровска попозната како Марија Луиса го прослави својот роденден со најблиските.
Таа сподели на својот Инстаграм и неколку снимки од прославата, но и бројни честитки што ги доби од своите фанови.
Инстаграм/ Марија Луиса
На една од снимките се гледа како ги дува свеќичките во форма на бројот 33, но и како беше облечена за оваа пригода.
Имено, Марија сподели снимка на која се гледа како ја држи тортата во скутот, облечена во куси шорцеви и тесна маичка.
Инстаграм/ Марија Луиса
Од објавата може да се види дека е во добро расположение, а потоа покажа и како нејзината мајка и го честиташе роденденот.
Инстаграм/ Марија Луиса
Нејзината мајка сподели заедничка фотографија, па со емотивни зборови и го честиташе роденденот на својата златна ќерка.
„Среќен роденден златна моја ќерка. Биди најсреќна“, напиша таа.
Инстаграм/ Марија Луиса
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Марија Луиса
Инаку, Марија Луиса на својот профил на социјалните мрежи често споделува снимки и од своите настапи.
Инстаграм/ Марија Луиса
Таа важи за една од најбараните пејачки, а на настапите секогаш добива голем бакшиш од веселите гости.
Инстаграм/ Марија Луиса
Како Марија изгледа и во ова издание, потсетете се тука.