LIFESTYLEПатувања

ШОК од сметката во ресторан: Дали добро ги проверувате цените пред да нарачате нешто? По ова очите ќе ви бидат пет банки

Advertisement

Замислете да седнете на одмор на ручек и на крајот да ви донесат сметка од 1000 евра?! Дали добро проверувате цени пред да нарачате нешто? По ова, очите ќе ви бидат пет банки пред да му кажате на келнерот што да ви донесе.

Погледнете што им се случило на туристи во Италија.

Advertisement

На италијанскиот остров Понца, популарна туристичка дестинација, сметка за ручек предизвика бура од негативни реакции. Имено, четворица гости во ресторанот „Ил Рифуџо деи Навиганти“ платиле вкупно 923 евра. Фотографија од сметката брзо се прошири низ групите на „Ватсап“, а целиот случај го објави угледниот италијански весник „ла Република“.

фото: Pixels

Најскапата ставка на сметката беше јадењето Scialatielli all’aragosta, или тестенини со јастог, кое чинеше вкупно 759 евра. Покрај тоа, гостите испиле две шишиња локално вино Biancolella (120 евра), а сметката вклучуваше вода, леб и, како што беше наведено, поглед на морето.

Сметката по лице беше околу 225 евра, што многумина го сметаа за премногу. Некои дури размислуваа да пријават во финансиската полиција, иако во времето на пријавувањето не беше поднесена формална жалба.

Advertisement
фото: Pixels

Сопственикот на ресторанот, Марио Копа, ги бранеше цените, велејќи дека гостите ги виделе јастозите, како и нивната тежина и цена, пред да нарачаат:

„Секој што нарачува јастог знае што да очекува“, изјави тој за „Ла Република“. „Не бев таму кога беше поднесена жалбата, но персоналот дури понуди и попуст.“

Тој додаде дека некои гости не прават разлика помеѓу скап јастог (aragosta) и поевтини варијанти (astice), што често води до недоразбирања.

„Се обидуваме да процениме кој може да си дозволи такво јадење, но не секогаш успеваме.“

Случаите на преценување не се невообичаени. Неодамна, еден пар на крузер се обиде да избегне плаќање на хотелска сметка од 3.200 евра, но беше уапсен на аеродромот на Ибица. Дебатите за зголемувањето на цените во угостителските објекти стануваат сè почести.

фото: Pixels

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button