Наши ѕвезди

Еве зошто сите гледаат во ова издание на Василија – и закопчана до грло го сруши интернетот

Пејачката ги покори социјалните мрежи со преубавиот фустан

Advertisement

Оваа млада дама освојува и со своите објави

Василија Петрова од Бугарија кога е со микрофонот во рацете знае како со песна да ја погоди сечија македонска душа.

Advertisement

Но покрај својот беспрекорен глас, Василија освојува и со своите објави на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Василија Петрова

Таа е една прекрасна млада дама која негува елегантен дамски стил, но и која обожава да „кокетира“ со традицијата.

Advertisement

Во нејзините модни комбинации често може да пронајдете фолклорни мотиви, но кои секогаш ги носи во модерна варијанта.

Инстаграм/ Василија Петрова

И во секое од овие свои изданија изгледа како милион долари, а за тоа зборува и нејзиното последно издание.

Имено, Василија позираше во долг, цветен фустан во винтиџ стил, со интересна фризурка и обетки, но и со препознатливата насмевка.

Инстаграм/ Василија Петрова

Следуваа бројни позитивни коментари и реакции, а во еден од нив можевме да ги прочитаме и следните зборови.

„Секогаш биди си своја, имаш глас во златна боја, ти си македонската Стоја, ти си гордоста наша“, пишува во еден од коментарите под фотографијата што Василија ја објави.

Како таа изгледаше. погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Василија Петрова

Потсетуваме, Василија е ново музичко има на нашата естрада, но кое преку ноќ стана познато во нашите фолк-води.

Инстаграм/ Василија Петрова

Таа ни доаѓа од соседна Бугарија, но за себе вели дека е Македонка, односно дека нејзините потекнуваат од кочанско.

„Коренот си е корен, а кочанскиот е силен. Иако сум родена во Ќустендил, срцето си ме тера накај Македонија. Таа врска ми дава сила и голема инспирација и со секоја песна ја пренесувам душата на Македонија, а музиката сама по себе кажува сè“, изјави Василија неодамна во интервју за Гламур магазин, додавајќи дека овие емоции за неа се мошне длабоки, искрени и силни.

Целото интервју со неа прочитајте го тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button