Не чекајте да дојде есента – три превкусни рецепти за зимница од тиквички
Направете си своја зимница од тиквички сега, ќе ви биде благодарно целото семејство. А кога ќе ги извадите на трпеза во јануари, ќе се врати мирисот на летото!

Тиквичките одамна го имаат своето место на летната трпеза, но знаете ли дека од нив може да подготвите вкусна, лесна и освежителна зимница што ќе ве освои уште од првиот залак?
Без разлика дали ги сакате класично кисели, пикантни или со сладок шмек, тиквичките се идеални за конзервирање. А сега е вистинското време да ги подготвите – цените се пристапни, пазарите се полни, а рецептот е едноставен!
Во продолжение, ви нудиме три проверени рецепти за домашна зимница од тиквички – вкусна, крцкава и многу поразлична од класичните зимници.

Класични кисели тиквички – лесни и освежителни
Состојки:
1,5 кг млади тиквички
1 литар вода
300 мл бел оцет
2 лажици шеќер
1,5 лажица сол
неколку зрна црн бибер
1 лажица семе од синап
гранчиња копар или магдонос
Подготовка:
Измијте ги тиквичките и исечете ги на тенки тркалца. Ставете ги во стерилизирани тегли заедно со зрната бибер, синап и копар.
Во тенџере, сварете ја водата со оцет, шеќер и сол. Додека е сè уште врела, прелијте ја течноста во теглите со тиквички.
Затворете ги со капаци и пастеризирајте ги 15-20 минути. Чувајте ги на темно и ладно место. Подготвени се по околу 7 дена.

2. Пикантни киселени тиквички – за љубители на луткасто!
Состојки:
1 кг тиквички
4 чешниња лук
1-2 лути пиперки
700 мл вода
250 мл оцет
1 лажица сол
1 лажица шеќер
Подготовка:
Исечете ги тиквичките на тркалца, лукот на лентички, а пиперките ситно.
Редете ги слоевито во тегли.
Сварете вода, оцет, сол и шеќер и со врелата смеса прелијте ги теглите.
Затворете ги и пастеризирајте 15 минути.
По неколку дена – подгответе си лепче, па уживајте!
3. Слатко-кисели тиквички со мед – деликатес за гурмани
Состојки:
1 кг тиквички
1 литар вода
300 мл оцет
3 лажици мед
1 лажица сол
1 лажица синап (по желба)
Подготовка:
Исечете ги тиквичките на стапчиња или тркалца. Наредете ги во тегли.
Загрејте ја водата со оцет, додадете мед и сол (и синап ако сакате), мешајте додека се растопи.
Прелијте ги тиквичките и затворете. Пастеризирајте и чувајте на ладно.
Корисни совети:
Најдобри се младите, цврсти тиквички без многу семки.
Користете стерилизирани тегли и капаци за подолг рок на траење.
Оставете ги теглите да „одморат“ најмалку 7 дена пред дегустација.