Диети

Бразилската диета директно удира на салото на стомакот – драматична промена на телото за само пет дена

Без гладување, а со ефекти како при пост - петдневниот режим на Валтер Лонго го подмладува телото, ги топи маснотиите и го активира природниот процес на регенерација.

Advertisement

Станува сè попопуларна меѓу славните личности и фитнес ентузијастите ширум светот, т.н. диета што го имитира гладот (Fasting Mimicking Diet – FMD), позната и како „бразилска диета“. Во тренд е токму поради нејзините драматични ефекти врз масните наслаги околу стомакот, без губење на мускулна маса.

Овој петдневен режим започнува со внес од 1.100 калории првиот ден, а потоа од вториот до петтиот ден се сведува на околу 800 калории дневно.

Advertisement

Исхраната е строго базирана на растителна основа, минимален внес на шеќери и протеини, со висока нутритивна вредност во мали количини.

Оригиналниот концепт го потпишува професорот Валтер Лонго, биогеронтолог и директор на Институтот за долговечност на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Неговата цел била да создаде диета што ќе ги донесе придобивките од постот, како согорување масти, обновување на клетките и намалување на воспаленија, но без вистинско гладување.

пекселс

Кој ја практикува оваа диета?

Овој режим стана омилен меѓу многу познати личности – Џенифер Анистон, Гвинет Палтроу и Хали Бери се само дел од ѕвездите кои јавно го поддржале овој начин на исхрана.

Advertisement

Велат дека не само што им помага да ја одржат фигурата, туку и да се чувствуваат помладо и со повеќе енергија.

Што добивате со оваа диета?

Истражувањата покажуваат дека FMD:

го обновува имуниот систем

ја намалува биолошката старост и до 2,5 години

го регулира крвниот притисок и холестеролот

го намалува хормонот IGF-1 (поврзан со рак)

ја зголемува продукцијата на матични клетки

значително ги топи мастите на стомакот

пекселс

Што се јаде?

Оброците вклучуваат смути од зеленчук, салати со киноа, јадења со тиквички, печурки и супи од леќа. Постои и комерцијална верзија –  ProLon пакетот, кој содржи точно одмерени оброци за пет дена.

Како изгледа менито по денови?

Ден 1 – до 1.100 калории

Појадок: Зелено смути (спанаќ, краставица, целер, лимон и малку авокадо)

10 бадеми

Чаша зелен чај (без шеќер)

Ручек: Чорба од леќа, морков, целер и домат

Половина авокадо со лимон и сол

Интегрален крекер (без шеќер)

Ужина: Малку хумус (30g)

Неколку стапчиња од краставица или целер

Вечера: Варени тиквички и брокула со маслиново масло

Чаша камилица

Ден 2 до 5 – до 800 калории дневно

Појадок: Чиа пудинг (2 лажици чиа + растително млеко + малку цимет)

Чаша зелен чај

Ручек: Супа од домати и печурки

Мала салата од киноа, краставица и магдонос со маслиново масло

Ужина: Неколку маслинки или 5-6 ореви

Вечера: Варени карфиол и тиквица

½ чаша варен зеленчук по избор

чај од билки

Корисни совети:

Пијте многу вода (2-3 литри дневно)

Чај без шеќер е дозволен

Не додавајте шеќери, мед или засладувачи

Солете умерено

Без кафе и без алкохол

Без животински производи (млеко, месо, сирење)

Диетата се повторува еднаш месечно (5 дена), во тек на 3 до 4 месеци за максимален ефект.

Зошто FMD е поразлична од класичниот пост?

За разлика од класичниот пост каде што не се јаде ништо, FMD му „лажира“ на телото чувство на глад – што доведува до автофагија (чистење на клетките), без мачење и ризици. Поради тоа, диетата е погодна и за оние што имаат активен животен стил.

Овој режим не е магично решение, но е една од најпаметните и научно поддржани диети за топење на салото и продолжување на животниот век. Особено ако се практикува еднаш месечно во период од неколку месеци.

Совет: Пред да започнете со диетата, задолжително консултирајте се со нутриционист или лекар, особено ако имате хронични заболувања или ако пиете терапија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button