MAMAДом и семејство

Ако детето ви каже една од овие реченици, оставете сè и веднаш разговарајте со него – писхолозите алармираат

Во најчувствителните години, децата сè поретко споделуваат, а токму тогаш најмногу ни требаат нивните зборови. Препознајте ги сигналите зад тишината.

Advertisement

Децата на претшколска возраст најчесто зборуваат отворено и без задршка. Ќе ви кажат буквално сè – и што јаделе, и кој им се смеел, и како некој прднал во групата. Нема филтри. Понекогаш ќе посакате да имаат барем мал филтер. Но, потоа доаѓа периодот кога одеднаш – молчат.

Со поаѓањето во училиште, многу деца престануваат да го кажуваат секој детаљ. Ние, зафатени со дневните обврски, често не ни забележуваме дека нивниот свет станува потивок. А токму тогаш, можеби имаме најмногу потреба да ги чуеме, зашто тогаш започнуваат да се справуваат со тешки прашања, несигурности, стравови.

Advertisement

Но децата не секогаш знаат како да започнат разговор. Ќе им треба време да ни пријдат, да соберат храброст и да го добијат нашето внимание. А ако во моментот се чувствуваат небезбедно или игнорирано, ќе се повлечат. И ќе молчат.

пекселс

Четири клучни реченици што не смеете да ги игнорирате

Според психолозите, кога детето ќе изговори нешто од следново, не ја пропуштајте можноста за итен разговор:

„Сакам да разговарам со тебе.“

Advertisement

„Морам нешто да ти кажам.“

„Имаш ли време за мене?“

„Ќе ме сакаш ли без разлика на сè?“

Овие зборови бараат итна емоционална реакција. Во тој момент, важно е да го погледнете детето во очи, да му заблагодарите што ви се доверило и да го уверите дека го сакате безусловно.

Дури и ако не можете веднаш да му се посветите, кажете му:

„Слушам дека имаш нешто важно. Може ли да почекаш дестина минути додека завршам со ова, па ќе седнеме само ние двајца?“ Тоа покажува дека неговото чувство е признаено и вредно.

Довербата не се бара, се гради

Ако едно дете со вас сподели тајна, страв или болка, тоа значи дека ви верува. Потврдете го тоа со целосна присутност. Не само со зборови, туку и со тишина, со прегратка, со разбирање. Само така следниот пат пак ќе ви пријде и ќе ви каже што го мачи.

Затоа, бидете тука, не само кога зборуваат премногу, туку особено кога премолчуваат. Зашто во нивната тишина понекогаш се кријат најгласните пораки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button