Еве каков „ѕвер“ вози нашата голема „Гранд“ ѕвезда – неговата мајка во шок, ова нема да му го заборави
Никола победата ѝ ја посвети токму нејзе

Никогаш не бил посреќен
Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, овие денови поминува низ најубавиот период во животот.
По победата во најгледаното телевизиско шоу во регионот, Никола ја доби и наградата, па среќен како никогаш досега, се огласи на својот профил на социјалните мрежи и ги сподели радостите со сите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, Никола си го доби и автомобилот што беше ветен како награда, па се фоткаше со наградата специјално за мајка му.
Тој веднаш сакаше да ѝ се пофали да види што добил, а за „Гранд“ истакна дека таа е најзаслужна за неговите успеси.
Потоа Никола влезе во новиот автомобил и во шега истакна дека сега само за три часа ќе може да стигне до Скопје, а потоа ја запеа и познатата песна Македонско девојче, но во малку изменета верзија.
„Поубаво момче бре, од Македонче“, пееше Никола пресреќен што доби нов автомобил како награда од продукцијата.
Потсетуваме, Никола покрај победничката статуетка, доби и песна и комплетен маркетинг, како и нов автомобил.
Тој по бројните обврски што ги имаше по победата, во Македонија конечно се враќа во петок, каде ќе прослави и со своите.
„Што се однесува до победнички концерт, тоа во моментов не можам да го средам, но се надевам и дека мојата Македонија тоа ќе го дозволи, да ги поканам моите пријатели од натпреварот моето семејство и целиот Гранд да дојде во Македонија“, истакна Никола за „Гранд“.
Тој исто така додаде и дека победата и ја посветил на својата мајка, а сега откри и како таа реагирала по неговиот триумф во шоуто.
„Мама се уште е во шок. Секако дека победата и ја посветувам нејзе, бидејќи таа ме роди, научи да бидам поштен човек. Јас сум ѝ благодарен заради тоа. Татко ми ми честиташе“, заклучи Никола во интервјуто за „Гранд“.