Диетата која ја спроведуваат турските актери Халит Ергенч и Бергузар Корел не е само начин за слабеење пред снимање, туку вистинска филозофија на живеење. Нивниот пристап не подразбирал брзи диети и драстични рестрикции, туку темелна промена на навиките.

Целта не е само губење на килограмите, туку и прочистување на организмот, подобрување на енергијата и менталната концентрација, особено важни за долги и интензивни денови на снимање.
Овој начин на исхрана се темели на внес на храна во природна форма, без додадени шеќери и адитиви. Главниот фокус е ставен на сиров зеленчук, овошје со низок гликемиски индекс, варени мешунки и лесно сварливо месо.
Секоја намирница е внимателно одбрана за да го поддржи организмот, а не да го оптовари. Исфрлањето на глутенот, млечните производи и рафинираните шеќери дополнително придонесува за намалување на надуеноста, подобрување на варењето и општа леснотија во телото.

Особено внимание е посветено на хидратацијата. Во текот на целиот ден во текот на диетата глумците пијат млака вода со лимон, билни чаеви и природни сокови од цвекло, морков и ѓумбир, кои не само што го освежуваат телото, туку и го зајакнуваат имунитетот.
Лимонадата со свежо нане е нивен омилен пијалок и за време на паузите од снимање.

Во вечерата најчесто се фокусираат на лесна и варлива храна – салати со авокадо, семки и дресинг од лимон, супи од брокула или тиква, а кога им требала енергија подготвуваат крем супа од леќа или киноа. Употребата на зачините како куркума, ким, чили и ѓумбир не само што го збогатува вкусот туку и делувала антиинфламаторно.
Иако делува строга, оваа диета не го скратува чувството на задоволство од храната. Напротив, со избор на природни и вкусни состојки, и со креативен пристап кон готвењето, славниот пар успеа да создаде мени кое го храни телото, а не го оптоварува. Затоа и резултатите не се само видливи на телото, туку и во нивната ментална стабилност и во сјајот на лицето.
Овој пристап инспирира многу обожаватели да се запрашаат: дали навистина ни се потребни екстремни диети, или пак одговорот лежи во едноставноста – враќање кон природата, внимателен избор на храна и почит кон сопственото тело?
Халит и Бергузар денес се пример за тоа дека здравата исхрана не бара да се биде жртва, туку е избор кој носи баланс, сила и виталност. Нивната трансформација покажува дека дисциплината, кога е поддржана со љубов и мотивација, може да ја промени не само формата на телото, туку и квалитетот на животот.
Во продолжение ви носиме пример за дневно мени базирано на диетата на Халит Ергенч и Бергузар Корел богата со свежа храна, без глутен, без шеќер и без млечни производи.

Ова мени е лесно, хранливо и поддржува здраво слабеење, детоксикација и подобрување на енергијата:
Дневно мени (пример)
Појадок (08:00 – 09:00)
Зелено смути:
1 зелена јаболка
рака спанаќ
½ краставица
1 лажичка свежо рендан ѓумбир
сок од ½ лимон
1 чаша вода
Ужинка (11:00)
Стапчиња од морков и целер
Чаша билен чај (на пример: нане или камилица)
Ручек (13:00 – 14:00)
Киноа-салата со зеленчук:
варена киноа
печени тиквички, пиперки, брокула
маслиново масло
лимонов сок
прстофат хималајска сол
Ужина (16:00)
Зелена јаболка
Чаша лимонада без шеќер (вода + лимон + неколку листа нане)
Вечера (18:30 – 19:30)
Крем супа од тиква:
варена тиква, морков и кромид
зачинета со куркума, ѓумбир и бибер
блендирана во кремаста супа
салата од рукола со сончогледови семки и малку маслиново масло
Пред спиење (21:00, ако има потреба)
1 чаша млака вода со парче лимон
неколку урми со малку какао во прав (како десерт)