Наши ѕвезди

Како мал берел тутун, во Дојран се радувал како да е на Малдивите – Јордан искрено за своето детство

Пејачот Јордан Митев искрено за своето детство

Advertisement

Овој период од животот ќе му остане засекогаш во сеќавање

Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев важи за еден од омилените музичари како во Македонија, така и во дијаспората.

Advertisement

Тој денес има бројни хитови зад себе и ужива во лагоден живот, но во младоста неговото детство и не било така безгрижно.

Принтскрин/ Јутуб

Имено, Јордан е роден во радовишкото село Подареш, па така тој и денес со гордост кажува дека е пораснат на село.

Advertisement

И како што вели тој, во детството можеби немале многу, но биле среќни деца кои се радувале и на најмалите работи во животот.

Фејсбук/ Јордан Митев

Како мал, заедно со неговиот брат, можеби само 3-4 пати во животот биле на одмор, и тоа само по три дена во Дојран.

„Каква Грција, Турција, Хургада или не знам каде. Тоа можеше да се виде само на телевизија, изјави во една пригода Јордан додавајќи дека во текот на летните месеци се берел тутунот, па морале да работат.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Во мојот живот како дете со моите родители и брат ми единствено место за одмор 3-4 пати во животот и тоа на 3 дена каде што сме биле е Дојран. Толку. Затоа што летно време се береше тутунот, и вие на 40 степени ако тутунот го оставите една недела да не го берете отиде тутунот, ќе изгоре од сонцето“, се присети Јордан на своето детство во една пригода во разговор за Гламур магазин, па потоа го додаде и следново:

„Па ние се радувавме на Дојран како да сме на Малдиви, толку бевме среќни и тоа на 3 дена, не 14 дена како во денешно време што повеќето одат. Така да со еден збор, јас пораснав скромно, но со високо изградени човечки вредности кои ми беа пренесени од моите родители. Ќе се потрудиме тоа да го пренесеме и на нашето дете, бидејќи сметам дека само така може да се изгради една вистинска личност“, заклучи тогаш Јордан во интервјуто за Гламур магазин.

Фејсбук/ Јордан Митев

Потсетуваме, Јордан неодамна како гостин во поткастот на Стефан Лазаров откри дека неговата сопруга повторно е бремена.

Имено, Јордан и Славица се родители на ќерката Кристина, а сега очекуваат да им се роди и машко дете.

Повеќе за ова дознајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button