Пејачот од Македонија со својот глас го расплака жирито – пејачката призна дека ова беше ептен емотивно
Овој пејач од Македонија успеа да ја расплаче Алка Вуица во финалето од популарното музичко шоу

Миро со своите настапи освои многумина
Мирослав Тодосовски Миро во шоуто „Никогаш не е доцна“ беше еден од 12-те финалисти кои се бореа за победа.
Тој иако не освои прво место, неговиот настап ќе остане запаметен како еден од најемотивните во популарното шоу.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Тој настапи со песната „Ако има бога“ од „Бјело Дугме“, а неговата изведба ги остави сите без зборови.
Посебно емотивна беше пејачката Алка Вуица, која по настапот призна дека ова било премногу емотивно за неа, така што одвај издржала да не заплаче. Таа му порача дека бил феноменален, а како звучеше пејачот од Македонија во финалето, потсетете се во продолжение:
Потсетуваме, Мирослав веќе долги години живее во Словенија заедно со неговата партнерка, Алеша Бегола.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Таа е поранешна тенисерка која беше и на ВТФ листата, но заради сериозна повреда мораше да се откаже од тенисот.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Таа му беше најголема поддршка цело време додека се натпреваруваше, а заедно се повеќе од една деценија.
Фејсбук/ Алеша Бегола
Повеќе за нивната љубов дознајте тука.