Сијамските близначки кои никој не мислеше дека ќе преживеат – од пеколот на разделбата до чудото што им се случи во новиот живот
Две девојченца споени во стомакот го добија својот прв и најголем предизвик - животот.

Во болницата во Солт Лејк Сити, Јута, во 2003 година се родија две сијамски близначки, Кендра и Малија Херин, споени во стомакот, со заедничка карлица, бубрег и црн дроб.

Од самиот почеток, лекарите беа свесни за сериозноста на нивниот случај и предупредија дека шансите за преживување се исклучително мали. Родителите, Дејк и Ерин Херин, се соочија со најтешката одлука дали да ги остават сестрите заедно, да продолжат да живеат споеини, или да ризикуваат и да се обидат со ризична и комплексна операција за разделување.

„Лекарите ни кажаа дека шансите за преживување се многу мали, но ние верувавме во чудо“, изјави Ерин Херин во интервју за американскиот медиум Си-ен-ен.
„Не можевме да прифатиме дека нашите ќерки нема да имаат нормален живот.“

Со текот на годините, и покрај бројните здравствени компликации, Кендра и Малија го надминаа очекувањето на докторите.
Во 2007 година, кога имаа околу 4 години, беше изведена сложена операција за разделување, која траеше повеќе од 20 часа, а ја изведоа тим од 30 лекари. Операцијата беше ризична бидејќи девојчињата делеле важни органи, вклучувајќи еден бубрег.
„Секој момент беше неизвесен, но ние знаевме дека ова е нивна единствена шанса за нормален живот“, рече еден од хирурзите што ја водеше операцијата во интервју за Њујорк тајмс. „Беше најсложената операција што сум ја изведувал“ – додаде лекарот.
Денес, Кендра и Малија имаат 22 години. И иако животот им донесе уште многу предизвици, тие се жив пример за храброст и упорност.

Малија, поради загубата на бубрегот, помина низ повеќе трансплантации и периоди на дијализа, а сè уште се соочува со здравствени предизвици. Сепак, двете сестри се активни на социјалните мрежи, каде ја споделуваат својата приказна и инспирираат илјадници луѓе ширум светот.

„Сме поминале низ толку многу, но секогаш сме заедно“, изјави Кендра во последното интервју за Еј-би-си њуз. „Нашата врска не може да се скрши, без разлика на сè.“

Приказната за Кендра и Малија Херин ги потсетува луѓето дека со љубов, храброст и поддршка, дури и најтешките животни битки може да се победат.