Никола Станишиќ со песната од ДНК ги расплака сите во финалето – најемотивен настап во „Ѕвездите на Гранд“
Одличен настап, од Никола за Кочани

Никого не остави рамнодушен, помина во супер-финалето
Младиот Никола Станишиќ во третиот круг од финалето ги расплака сите со песната што реши да ја испее.
Имено, Никола настапи со песната од ДНК, „Ако утре ме нема“, а носеше и маичка со срце и натпис „Од срце за Кочани.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Ова беше многу емотивно, изјави водителката, а нејзиниот колега немаше зборови по настапот на пејачот од Македонија.
Инаку, третиот круг од финалето во „Ѕвездите на Гранд“ туку што заврши, а во следниот продолжуваат само тројца финалисти.
Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Еден од нив е и Никола, а дали тој ќе победи зависи само од вашите гласови бидејќи победува оној со најмногу СМС пораки.
Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Покрај Никола, за прво место во супер-финалето ќе се борат и Зоран Ружиќ Ферари од тимот на Босанац и Елвис Мешиновиќ од тимот на Вики Миљковиќ, додека нашиот натпреварувач е во тимот на Цеца.