Никола остана меѓу најдобрите шест финалисти – ечат македонски песни, пејачот ги воодушеви сите
Никола помина во третиот круг

Започна третиот круг од финалето
Вечерва се одржува големото финале од „Ѕвездите на Гранд“ во кое 20 кандидати се борат да го освојат првото место.
По првиот пресек осуммина испаднаа, додека 12 продолжија, а еден од нив е и Никола Станишиќ, единствениот кандидат од Македонија.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Никола помина и во третиот круг, односно остана и по вториот пресек, така што е еден од шестмината што продолжуваат.
Натпреварот го продолжуваат, а кој ќе биде победник зависи исклучиво од СМС гласовите на публиката.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Инаку, во публиката има и многумина што навиваат за Никола, така пто ело време во студиото се слушаше неговото име.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Никола пред овој пресек настапи со песната „Ај да беше стрела песнава“ од легендарниот Гоце Арнаудов.
Потсетуваме, покрај шармантниот Никола Станишиќ финалето во третиот круг го продолжуваат: Елвис Мешиновиќ, Зоран Ружиќ Ферари, Мате Милиќевиќ, Аладин Пехиќ и Сара Бибиќ.