Наши ѕвезди

Никола сега има многу поголеми шанси од Мики да победи во финалето?! Цеца во последен миг го направи ова

Откриваме дали Цеца ќе се појави во финалето

Advertisement

Оваа сабота ќе биде незаборавна

Познатата фолк-пејачка, Светлана Цеца Ражнатовиќ, пред само неколку дена одржа спектакуларен концерт во Ниш.

Advertisement

И на овој концерт како и на многу претходни на сцената покрај Цеца беше и Мики Секуловски, како нејзин придружен вокал.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ беше во нејзиниот тим, а откако заврши шоуто и освоеното второ место, Цеца го покани Мики да настапува заедно со неа на нејзините концерти.

Advertisement

Тој секако дека не можеше да одбие ваков предлог, а покрај Мики со Цеца сега настапува и Јулија Петровиќ, која исто така се натпреваруваше.

Принтскрин/ Јутуб, Република.рс

По успешниот концерт во Ниш, Цеца пред камерите ги сумираше впечатоците и им одговараше на новинарите, а од снимките може да се види и нејзиното изненадување кога дозна дека финалето од популарното шоу беше одложено, а се одржуваше истата вечер кога и концертот на балканската фолк-дива.

Пејачката најпрво беше збунета, но изјави дека и е жал што не можела да биде покрај своите кандидати во финалето.

Инстаграм

Потоа кога и кажаа дека финалето сепак е одложено за следната сабота, Цеца откри дека повторно нема да може да присуствува.

Како што изјави таа тогаш, Цеца требало да замине на одмор, но очигледно во последен момент ја променила одлуката.

Инстаграм

Имено, порталот „Гранд.онлајн“ објави дека Цеца најверојатно ја променила одлука и во сабота ќе ги бодри своите кандидати.

Инстаграм

Оваа вести ги израдува сите, посебно оние што навиваат за финалистите од нејзиниот тим меѓу кои е и Никола Станишиќ.

Никола е единствениот финалист од Македонија оваа година во шоуто, за разлика од претходната сезона, кога во финалето имавме дури тројца македонски пејачи, Мики Секуловски, Андријана Петрушовска и Мелиса Зијадиќ, и сите тројца со одличен резултат.

Инстаграм

Мики и Андријана го освоија второто и третото место, а Мелиса која беше најмладата финалистка, високото петто место.

Потсетуваме, финалето на „Ѕвездите на Гранд“ требаше да се одржи минатата сабота, но беше прекинато и одложено.

Инстаграм

Тоа во последен момент беше префрлено за оваа сабота, 5 јули, кога 20 млади натпреварувачи ќе се борат за титулата.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Ова ќе биде првото финале на „Ѕвездите на Гранд“ без Саша Поповиќ, кој почина пред само неколку месеци.

Од овие причини победникот покрај тоа што ќе добие песна и автомобил, ќе добие и статуа со името на Поповиќ.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Никола е еден од главните фаворити

Инаку, во врска со гласањето од претходната сабота, се огласи и самиот Никола кој појасни дека ќе се бројат и овие гласови.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Бонус видео

Најдобриот настап на Никола во „Гранд“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button