Оваа дама му го украде срцето на наследникот на Војо Стојаноски – Дамјан сега објави преубава вест
Нова песна од познатиот фолк-пејач

Тој е еден од нашите најпознати фолк-пејачи
Шармантниот Дамјан Стојаноски важи за еден од омилените пејачи на народна музика од помладата генерација.
Тој иако е млад, зад себе веќе има бројни хитови, а по потекло е од кичевското село Букојчани, родното село на неговиот татко.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, Дамјан е син на легендарниот македонски пејач Војо Стојаноски, а неговата мајка е новинарката Евица Камберова Стојановска.
Тој имаше само 18 години кога почина неговиот татко, а како што самиот вели за музиката најмногу научил токму од него.
Фејсбук/ Дамјан Стојаноски
Од кичевско е и неговата сопруга, Елена Билеска, со која е во брак од 2020., а истата година го добија и првиот син Војдан.
Неговиот син е крстен по дедо му, односно таткото на Дамјан, пејачот Војо Стојаноски, кој почина во 2014 година.
Фејсбук/ Дамјан Стојаноски
И како што самиот Дамјан многу пати истакнал во неговите интервјуа (види тука), тој ќе продолжи да чекори по стапките на неговиот татко и ќе го следи аманетот од него. А тоа е преку македонската песна луѓето од целиот свет да слушнат за нашата земја, но и за сите премрежија низ кои поминува напатениот македонски народ.
Фејсбук/ Дамјан Стојаноски
А дека тоа навистина е така може да видиме и од неговата најнова песна, со која Дамјан ги воодушеви своите фанови.
Имено, Дамјан деновиве со гордост ја објави песната „Пара бери бело грозје“, снимена заедно со братучед му Златко Миладиноски кој се погрижи за аранжманот и тамбурите во песната, додека за волшебната мелодија на кавалот главен виновник е Андреј Трајковски.
Фејсбук/ Дамјан Стојаноски
Како звучи ова ново ремек-дело излезено на братучедите Стојаноски и Миладиноски, слушнете во продолжение: