Наши ѕвезди

И пејачот од Велес се огласи по големиот скандал со Вики Миљковиќ – цел Балкан во шок пред финалето

Пејачот Александар Темелков се огласи, ги спомна и финалистите во „Ѕвездите на Гранд“...

Advertisement

„Погрешно сум разбран во мојата констатација“, вели Темелков.

По скандалот што се случи во врска со „Ѕвездите на Гранд“ и изјавата на еден македонски пејач, Вики Миљковиќ заедно со својот адвокат испрати опомена пред тужба до својот поранешен кандидат.

Advertisement

Таа тужбата ја објави на социјалните мрежи, а сподели и соопштение во кое исто така побара да бидат повлечени невистините за неа.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, нејзиниот поранешен кандидат Александар Темелков во една емисија изјави дека наводно му биле побарани 20.000 евра мито од трана на Вики Миљковиќ и Гранд продукција за да остане во шоуто. Ова не е прв пат Темелков да зборува на оваа тема (види тука), а како што самиот изјави и тогаш, заради ова и бил избркан од популарното шоу.

Advertisement

Неговата изјава предизвика бура од реакции, па Вики реши да реагира и да ја побара правдата на суди доколку не добие извинување.

Инстаграм

Со слично соопштение излегоа и од Гранд продукција, каде целосно застанаа во одбрана на пејачката (види тука).

Инстаграм

По овие реакции на Гранд продукција и пејачката Вики, се огласи најпрво Давид Давидовски, водителот на емисијата во која Темелков зборуваше за наводното мито од страна на Вики и продукцијата.

Во објавата Давид спомена дека Вики отсекогаш ја почитувал и дека таа за него е една од најдобрите печки, но и дека Вики е „најпрекрасниот човек што го запознал во неговиот живот (види тука).

Инстаграм

По огласувањето на Давид, со видео се огласи и Темелков, а истото го соопшти и за Гламур магазин.

Инстаграм

Имено, тој изјави дека за целата ситуација бил погрешно разбран и дека од сé срце и се извинува на поранешната менторка.

По повод случајот со мојата бивша менторка во „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миљковиќ. Јас досега во мојата кариера не сум навредил никого, а најмалку би го направил тоа за мојата бивша менторка Вики Миљковиќ“, вели Темелков во своето обраќање преку социјалните мрежи.

Инстаграм

„Погрешно сум разбран во една моја констатација во едно мое интервју, и заради тоа се извинувам на сите кои што погрешно го разбраа овој случај Никога не сум употребил погрдни зборови ни кон Вики Миљковиќ ни кон Гранд продукција, заради тоа што бев долго време дел од ‘Ѕвездите на Гранд’“, изјави Темелков и пото им посака среќа на сите кандидати во финалето од шоуто.

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button