Ова е еден од најважните мажи во животот на Анета Љумаковска – пејачката реши да го изненади
Вака изгледа братот на познатата македонска пејачка, но и жената што ги родила

Ова е посебен ден во семејството на пејачката
Познатата пејачка Анета Љумаковска на својот профил на Инстаграм откри зошто ова е посебен ден за неа и нејзиното семејство.
Имено, таа сподели фотографии од нејзини две многу драги личности, а причината беше и повеќе од убава.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката и покрај тоа што е една од нашите најголеми ѕвезди, таа сепак не сака претерано да го експонира семејството.
Но овој пат таа реши да ја покаже својата мајка Љиљана, но и човекот кој многу и значи во нејзиниот живот.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, Анета ги изненади своите следбеници на Инстаграм и со фотографија на која е со нејзиниот роден брат, Борче.
Борче и Љиљана слават роденден, и тоа на ист ден, така што Анета со преубава честитка им го честиташе и на двајцата.
„Среќен да ви е роденденот на двајцата, да сте ми живи и здрави“, напиша Анета под фотографиите што ги сподели.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката никогаш не криела колку е блиска и поврзана со својот брат иако тој со години живее далеку од Македонија.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, братот на Анета со своето семејство живее во Шведска, а пејачката и денес е во одлични односи со него.
Таа отсекогаш имала голема поддршка од него во животот, а пејачката и денес знае да се посоветува со него, што впрочем и самата го откри во една пригода во интервју за Гламур магазин (повеќе за ова тука).
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Инаку, Анета овие денови ги изненади своите фанови со уште една вест што ја сподели на социјалните мрежи.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Таа откри дека во изминатиот период вредно работеше на својот нов проект, а за што поточно станува збор, откријте тука.