Денес е Свети Методиј – направете го ова денес и ќе ви биде испратен одговор
Свети Методиј ни покажува дека најсилните борби се оние што се водат во тишина, со вера и со збор.

Денес македонската православна црква и нејзините верници го празнуваат споменот на Светиот свештеномаченик Методиј, епископот патарски, маченик и храбар борец за вистинската вера. Методиј, познат по својата мудрост и убавина на зборот, бил жесток противник на Оригеновата ерес и со своите боговдахновени зборови го осветлил тогашниот свет.
Маченички загинал во 311 година во Халкида, Сирија.
На овој ден, духовната поука е јасна: човек предлага, а Бог располага/одлучува. Според тоа, не секој наш напор носи резултат ако не е во согласност со Божјата волја. Но, токму ова е денот кога треба да се вложи напор – духовен, внатрешен, со искрена намера, дури и ако изгледа невообичаено.

Што никако не треба да правите денес?
Не влегувајте во расправии, особено не по прашања од вера, семејство или политика. Денот е посветен на маченикот кој зборувал со моќ, но без злоба.
Не осудувајте други за нивните одлуки, дури и ако не се совпаѓаат со вашите, Свети Методиј бил противник на ересите, но неговиот начин бил со зборови, не со гнев.
Advertisement
Избегнувајте физичка или духовна расеаност, денешниот ден бара внатрешна собранoст, како подготовка за нешто поголемо. Како што вели беседата: „Војнику Христов, опреми го умот како добар коњ, а срцето вооружај го со добродетели.“
А што треба да направите денес?
Напишете писмо, не на некој конкретен човек, туку на Бога. Симболично, запишете ги своите грижи, стравови, надежи и оставете го тоа писмо некаде на скриено место. Овој чин на духовна исповед ќе ве приближи до вистината, и многу набрзо одговорот ќе Ви дојде преку чиста и јасна мисла.
Научете една нова црковна песна или тропар, макар една строфа, и обидете се да ја пеете (или изрецитирате) со разбирање.
Посетете некоја запоставена црква или капела во вашето село или град, каде ретко оди некој. Празникот на мачениците бара самотија, тишина, па дури и заборавеност – таму каде што најтивко, најсилно се слуша молитвата.

Побарајте мудрост од некој постар човек. Методиј бил познат по својата духовна зрелост. Денес, наместо совет од Интернет, прашајте постар човек што мисли за одреден проблем, или воопшто за животот.
Ова не е ден за гласни веселби или површни активности. Ова е ден за внатрешна дисциплина, тивка вера и подготовка, со разбирање дека исходот не е во нашите раце.