Популарно женско име за кое велат дека го носат вистински среќнички – едно од ретките без прекар
Барате име за вашето тукушто родено бебенце? Еве една прекрасна идеја.

Името Искра станува се популарно меѓу женските имиња во Македонија во последниве години, но и во регионот. Сѐ повеќе родители се одлучуваат токму за ова име кога станува збор за нивните ќерки, привлечени од неговата едноставност, убавина и симболика.
Се смета дека името Искра потекнува од истоимениот словенски збор „искра“ – што означува оган, жар или искра која се создава при палење на оган.

Во преносна смисла, името се толкува како:
„таа што зрачи“,
„таа што е полна со енергија“,
„таа што зрачи со светлина и топлина“,
„таа што го грее срцето и душата“,
„таа што има и надворешна и внатрешна убавина“,
„огнена“, „тајновита“,
„таа што носи радост“,
„таа што носи подобра иднина“,
„радосница“ или едноставно – „среќница“.
Интересен факт е дека ова име речиси никогаш не добива прекар, а со својата полна форма Искра звучи доволно моќно, топло и оригинално.
Во митологијата и поезијата, искрата често се поврзува со креативност, страст, првата љубов и моментот на просветлување.
Додека Искра се користи исклучиво како женско име, постојат машки имиња кои носат слична енергетска или огнена симболика, а тоа се прекрасните имиња Огнен – што значи „огнен“, „пламен“, многу популарно во Македонија, но и името Зоран – што потекнува од „зорa“, односно светлина, разденување.

Името Искра, иако има словенско потекло, низ годините стекнува и меѓународна препознатливост, особено во уметничките и активистички кругови. Една од најпознатите носителки на ова име е Искра Лоренс, британска манекенка и влијателна личност која се залага за прифаќање на телото и самодоверба кај жените. Со нејзиниот глобален активизам и присуство на модната сцена, името Искра станува симбол не само на убавина, туку и на сила, храброст и позитивна промена.
Во некои земји, особено во САД и во Велика Британија, Искра односно Iskra се смета за уникатно, егзотично и моќно име, сѐ почесто избирано од родители кои сакаат нешто поинакво, но со силна симболика. Името се појавува и во современи книги, филмови и видеоигри, често поврзано со ликови што ја претставуваат искрата на отпорот, револуцијата или креативноста.