Наши ѕвезди

Голем скандал со „Ѕвездите на Гранд“ и младиот пејач од Македонија – сега цел Балкан зборува за ова

Невиден скандал пред финалето

Advertisement

Пејач од Македонија ја обвини Вики за мито?!

Некогашната македонска Гранд ѕвезда Александар Темелков во една емисија ја обвини Вики Миљковиќ за мито.

Advertisement

Како што изјави тој во емисијата, неговата поранешна менторка, наводно, заедно со својот тим, му побарала 20.000 евра.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Овие пари му биле побарани за да остане во шоуто, па затоа што не се согласил, во следниот круг испаднал од натпреварот.

Advertisement

По овие обвинувања се огласија од Гранд продукција, а нивното соопштение го објавија на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што пишува во соопштението, продукцијата одлучно ги отфрла сите инсинуации за било кој член на жирито.

Тие негираат дека Вики Миљковиќ учествувала во било каков вид недозволена комуникација или постапка со некој од натпреварувачите, притоа исто така истакнувајќи и дека нивните правила и етички стандарди се јасни и не оставаат простор за било какви неправилности.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И како што објавија тие, доколку пејачот Александар Темелков не ги повлече обвиненијата и јавно не се извини, продукцијата потполно ќе застане зад Вики Миљковиќ и во сите понатамошни правни чекори што таа ќе ги преземе со цел заштита на угледот и достоинството.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Гранд продукција нема да толерира клевети, лажни обвинувања и обиди да се сруши кредибилитетот на нашите соработници“, пишува во соопштението што го споделија на социјалните мрежи, додавајќи дека веруваат дека јавноста препознава разлика помеѓу вистина и сензационалност.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, А. Темелков

Потсетуваме, Темелков направи скандал и додека се натпреваруваше во шоуто, кога демонстративно го напушти истото.

Имено, младиот пејач кој претходно со години се натпреваруваше во ова шоу, откако не доби ниту еден глас, се разочара и си замина од сцената, а оваа постапка на пејачот тогаш многумина ја оправдаа.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Оваа драма остана запаметена, а Темелков овие денови во една емисија откри дека наводно сето тоа било заради мито.

Како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение:

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button