Оваа домашна инфузија ги крева билките од мртвило – не чини ни денар, а прави чуда!
Доколку вашите растенија изгледаат уморно, листовите им жолтеат или не растат како порано, решението можеби не се крие во скапите препарати од продавниците, туку во една сосема бесплатна и природна состојка што ја имаме насекаде околу нас.

Сакате да ги оживеете растенијата кои ви се чинат уморни, на кои им венеат листовите и цветовите, или оние во градината кои се „изгорени“ од сонцето? Имаме евтино решение за вас, кое делува уште „од прва“.
Станува збор за, верувале или не, копривата.
Advertisement
Оваа „дивa билка“, која често ја сметаме за плевел, всушност е вистинска ризница на хранливи материи.
Освен што е лековита за човековото здравје, копривата може да се користи и како органско ѓубриво и природен инсектицид.

Таа го поттикнува растот на растенијата, ја зајакнува нивната отпорност на болести и ги штити од штетници.
Advertisement
Како да подготвите домашна инфузија од коприва за вашите растенија?
Постапката е едноставна и не бара големи подготовки. Сè што ви треба е свежо набрана коприва и еден сад со вода.
Копривата најдобро е да се бере со ракавици, поради нејзините ситни „жаречки“ влакненца. Ставете ја во поголем пластичен или дрвен сад (никако метален), и додајте вода, но не до самиот врв. Нека билката биде добро натопена, но да има простор и за ферментација.
Оставете го садот на сонце, по можност на топло место, околу две недели. Секој ден измешајте ја течноста со дрвена или пластична лажица. Ќе забележите дека на почетокот копривата пени – кога ќе престане, знајте дека вашето домашно ѓубриво е подготвено.
Потоа, течноста се процедува и се разредува со вода во сооднос 1:10 (една чаша коприва, десет чаши вода).
Со оваа смеса можете да го полевате земјиштето околу растенијата или да прскате директно на листовите, така растенијата ќе ја апсорбираат храната побрзо. Ѓубривото е одлично и за цвеќиња и за зеленчук.

Коприва – сојузникот што вашата градина едвај го чекаше
Копривата не само што ги храни растенијата, туку и ги штити од болести и инсекти. Природниот мирис и хемискиот состав одбива многу штетници, а истовремено го јакне имунитетот на растенијата. Во време кога се повеќе луѓе се свртуваат кон органско одгледување, оваа инфузија станува неизбежен дел од домашното градинарство.
Со малку труд и трпение, ќе имате моќен природен еликсир за вашите саксии, двор или бавча, и сето тоа без да потрошите ни денар.