Наши ѕвезди

Пејачката Добрила (97) искрено за мажите, но и зошто се развела од сопругот – ја откри и нејзината тајна

Цел Балкан зборува за Добрила од Дојран

Advertisement

Оваа жена со својата енергија фасцинира

Добрила Ивановска Чабриќ иако има 97 години, се уште настапува и гостува во познати телевизиски емисии во регионот.

Advertisement

Таа пред неколку години победи и во шоуто „Никогаш не е доцна“, емисија во која и по победата се има појавено милион пати.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

И секогаш кога ќе ја викнат, таа патува сама со својот автомобил од Дојран до Белград, што ги изненадува сите.

Advertisement

Но покрај тоа што вози автомобил на 97 години, Добрила неодамна призна и дека се уште има додворувачи, кои ѝ се „лепат“ како болви.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Од каде да знам како ги привлекувам. Јас многу не се грижам за тоа. Тие сами налетуваат, се лепат како болви“, вели во шега таа.

Инаку, малкумина знаат дека најстарата победничка во „Никогаш не е доцна“ во младоста им пеела на Марија Калас и Оназис.

Принтскрин/ Јутуб

Неа ја имаат слушано и Брижит Бардо и Алем Делон, а интересно за неа е и тоа што два пати се мажела и тоа за ист човек.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Како што самата откри во една пригода, нејзината мајка ја омажила кога имала само 17 години, а веќе на 21 години го родила и синот.

„Тогаш веќе работев во театар, а мојот маж не сакаше мали бебиња што плачат. Имав проблем со него и тогаш се разделивме. Не ме дочека од породилното како што треба“, откри Добрила во една пригода.

Таа потоа започнала и постапка за развод, а за свекрвата вели дека ја сакала многу, била професорка по математика на факултет.

Принтскрин/ Јутуб

По 20 години повторно се венчала со истиот маж.

Што се однесува до нејзиниот витален изглед, многумина не веруваат дека има 97 години, па и кажуваат дека ги „лаже“.

Но нејзината тајна е едноставна:

„Можеби се гените во прашање, но енергијата е многу важна. Кога дојдов во Дојран го почувствував тоа и таму сум веќе долго“, откри Добрила во една пригода за српската телевизија Прва.

Целото интервју со Добрила погледнете го во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button