ОГРОМНА ТАГА – Почина една од најубавите актерки на 42 години

Една од најубавите актерки, Шефали Џаривала, почина на 42 години.
Таа доживеа срцев удар поради третман за подмладување што тргнал наопаку, поточно инјекција за убавина.
Во времето кога доживеала срцев удар, во куќата имало уште осум лица – нејзиниот сопруг Параг, мајка и, роднини и слугинки.
Нејзиниот сопруг веднаш ја однел во болница во Мумбаи, но лекарите можеле само да ја прогласат за мртва. За жал, Шефали Џаривала починала пред да можат да ѝ помогнат.
Таа се здоби со слава во светот на филмот и телевизијата на почетокот на новиот милениум, а доби поширока популарност во една од најнаселените земји во светот и нивната боливудска империја со учество во шоуто „Големиот шеф“, индиската верзија на реалното шоу „Големиот брат“, објавува Блиц.
Нејзините колеги сè уште се опоравуваат од шокот од тажната вест.
„Животот е толку непредвидлив… Беше премногу млада за да си заминеш, почивај во мир“, „Многу сум шокирана, срцето ми е целосно скршено…“, „Не можам да верувам. Ќе те паметиме по твојата грациозност, насмевка и дух“, се некои од коментарите.